Не, болката нема да биде вечна
Бараш најосамена соба.
Одбираш агол од собата.
Се нурнуваш таму за да бидеш сам.
Сам со својата болка.
Си велиш дека многу боли, но ако, трпиш.
Си велиш нека удри посилно.
Си велиш: „Можеби вака заслужувам.“
Си велиш дека е до тебе, дека ти си виновен, дека не требало да постапиш така, дека со право луѓето си заминуваат од тебе, дека не заслужуваш да бидеш сакан, дека ти си далеку од тие луѓе што имаат добар живот, дека ти си на најдолната скала од општеството и дека тоа е во ред...
Доста!
Не можам да те слушам.
Не можам да си се слушам.
Не можам повеќе да мислам дека болката е вечна...
Сме го гушнале очајот мислиш тој ни е столбот на живеењето. Пушти го, нека замине! Тој е таков, не може сам да живее, мора некаде да се всели. И таквите луѓе се такви: не знаат што сакаат од животот, им се чипчат на другите мислејќи дека другите ќе ги водат. и кога ќе видат дека не се тие силни за твојата човечност, си заминуваат. Велат: „Еј, не е ова за мене, јас сакам нешто подолу. Не умеам и не можам да се искачам до твоето скалило.“ Така си велат, но никогаш не ни го кажуваат ова нам. Нам нема ни ништо да ни речат. Можеби по некоја лага колку да го замачкаат заминувањето, само затоа што наслушнале дека треба да бидеш човечен. Знам дека е тешко и дека во моментов е скоро бесмислено да го напуштиш и пуштиш тој човек, но - знаеш дека никој не заслужува болка во душата. Никој не сака предавство. Никој не сака разочарување. Никој не сака измачување.
Надвор има толку многу луѓе.
Што се човечни како тебе.
Но, во ред е да бидеш сега во аголот.
Исплачи се, истажи го моментот и човекот и стани.
Не те брзаме, знаеш ти кога.
Болката не е вечна, не е ни таа толку силна за да опстои.
Таа секогаш се чувствува само кога носителот е слаб.
Немој да мислиш дека не те разбираме. Немој да мислиш дека ние низ тоа не сме поминале. Немој да мислиш дека само ти се чувствуваш така. Секој кој што не те разбира - само се преправа. Секој кој што не те теши - не знае како да се искаже. Секој кој што ти вика дека си замислуваш - те лаже. Секој кој што не те поддржува тој само ја негира болката која еден ден може и нему да му се случи.
Затоа биди му на аголот наведнат, но на луѓето со крената глава.
Затоа што утре и ти треба да ја прераскажеш твојата болка на својот ближен.
Нема човек, кој што љуби и е човечен, а да не сретнал болка.
Животот е таков - некогаш радува, некогаш боли.
И ништо не е вечно, што и да е ќе помине.
Така и болката.
Марија Лозаноска,
8.12.2017, петок