Лајк - единица мерка за вредност
Лајк е единица мерка за сила, моќ, гравитација, убавина, памет, уметност, професионалност, умешност, оригиналност, популарност, музикалност, писменост, книжевност, љубов, потчинетост, глупост, иновативност, различност.
Почнува тешко да ни биде ако не добиеме лајк. Од друга страна, претерано ни ласка кога ќе го добиеме. Некои правиме се’ за лајкот. Мора, таква е денешницата. Се преселивме во државата Фејсбук, сите се бориме за свое место таму. Некои таму сме градоначалници, некои популарни пејачи, писатели, сликари, фотографи, спортисти, исмејувачи, плукачи. А, никој не сме на плата. Никој немаме ни фотеља ни функција. Не се вбројува тука фотељата врз која седиме со лап-топот в скут. Тоа е веќе реалност, нам ни треба фотељата од директорската фукнција на Фесјбук. Лајкот ни дава вредност, лајкот ни дава понизност кон некого, ни дава правец дали сме добри во тоа што го правиме или не. Не само во она што го правиме, туку и во тоа дали сме убави или не. Фала на тие што измислиле кропирање, исенчување и секакво ефектирање на нашата природна убавина, инаку сите на социјалниве мрежи ќе бевме само еден куп луѓе со примитивниот изглед кој ни го подариле мама и тато без дополнителна поправка.
Не е лесно. Има луѓе кои се совршени без Фејсбук. Некои од нив живеат во Америка, работат во Холивуд. Тие се ѕвезди и без Фејсбук. Односно, тие се ѕвезди покрај телевизијата, весниците, радијата, кината. Тие се ѕвезди и кога ќе ги сретнеш бидејќи, наместо фотошоп, тие се средени од шминкерите, стилистите, фризерите, скапите бутици, личните тренери. Односно, тоа што сме ние на Фејсбук тие се во реалноста. За разлика од нас, тие се платени поради тоа.
Но, лајкот е анлајк во реалноста! Лајкот создава оддалечување, ја заборава љубовта, вистинската почит, вредното работење, напорниот труд. Ставаме лајкови бидејќи некого го почитуваме, но сликата не е убава, напишаното нема вредност и е полно со граматички грешки, песната е ужасна и пее со фалширање, статусот е препишан, со омраза, плукање и е неточен, фустанот не ни е по ќеф, а бицепсите не му се ни оддалеку дефинирани.
Во реалноста пак ќе читаме книги за кои не сме ставиле лајк, ќе слушаме музика која нема ни да ја објавиме на Фејсбук, пофотогенични сме од многу туѓи фотошопирани фотографии, но нема да ги споделиме, пишуваме поезија или проза и решаваме задачи кои заслужуваат реален лајк, но не сакаме да ги мешаме со сиот тој шунд што ни се пласира. Имаме своја единица мерка која не е ни оддалеку како фесјбуковски лајк.
Треба малку да се тргнеме од Фејсбук. Да се тргнеме и од Твитер, Инстаграм или онлајн-фотошоп. Бидејќи ставаме лајк на што треба и што не треба, вреднуваме невредно бидејќи денешницата така налага. Да бидеме посовесни и да не придаваме толку значење на тоа копче. Тешко е и скоро невозможно, знам.
Но, многу е полесно кога нема лајкот да ни биде единица мерка за вредност.
Марија Лозаноска
22.3.2015, недела