Денот кога нема да ме имаш
Будна го чекам тој ден. Не го сонувам, нема место од кошмарите. Со широко отворени очи, како дете загледано во ѕидот, си замислувам како еден ден ќе бидам Таа Горделивата. Горда на себе: разубавена, дотерана, со успеси зад себе, но и со една тешка љубовна приказна. Ќе бидеш некаде наоколу, но никогаш до мене. Нема да ти дозволам да ме допреш, нема да ме препознаеш, туку само ќе ти наликувам на една која те сакаше и ја изгуби. Тогаш ќе сфатиш колку малку си се трудел, а колку многу погреши. Не, нема да ме имаш. Ќе ја имаш само идејата, замислата за нешто такво. Нема да бидам истата, нема да ме прелажеш дека ќе се смениш. Нема да ја допреш онаа што мислеше дека ќе остане секогаш покрај тебе колку и да ја лажеш. Нема да постои, затоа.
Тоа е мојот сон.
Денес не сум таква. Немам сила. Имам само грст сеќавања од едно убаво време. Кога ти ме сакаше, се надевам вистински. Секој ден се прашувам: Што се случи? Каде заминаа оние двајца кои секој ден пишуваа љубов врз земјава? Нема одговор, не знам дали ќе има. Еден ден можеби ќе ми одговориш, но се плашам дека ќе биде доцна. Се плашам дека веќе е доцна. Гледај ме колку се трудам, гледај ме колку се борам за оваа љубов! Не, ти ништо не гледаш. За тебе е сега важен тој некој твој свет каде нема место за мене. Ме забораваш. Забораваш дека некогаш градевме планови, дека ќе градевме семејство. Разбуди се, разбуди ме и мене! Не дозволувај да сонувам будна. Не дозволувај да мечтаам за денот кога мене ќе ме немаш.
Не беше таков планот.
Сонот еден ден ќе избледне. Веќе нема да знам за кого се подобрив. За кого се разубавив, ослабнав, се дотерав, успеав, се издигнав. Тогаш може нема да ми бидеш важен, но знам дека ќе те сакам. Оваа љубов не гасне, ќе остане жарче што ќе тлее. Таму длабоко, во аголот на срцето, само за да ме потсети дека сум жива, само да ме направи жива. Но, нема да биде доволно силен за да ми ја стопли главата. Таа ќе биде ладна, крената високо за да не можат очите да видат никого, да не можат да се заљубат во некој сличен на тебе. Ќе бидам онаа дигнатата девојка за да не те сретнам некогаш по улица и да те засакам толку многу повторно. За да не можеш жарчето во оган да ми го претвориш. Ќе шетам гордо по улица за да не ме препознаеш, за да речеш: Не, тоа не беше мојата девојка, не разговарам со неа.
Таков е мојот сон.
Таков ќе биде ако преживее.
Не знам дали ќе се радуваш кога мене ќе ме немаш.
Не знам што ќе направиш за да бидеш посилен.
Но, дури и тогаш, пак ќе те гледам во далечина.
Ќе мислам дека доаѓаш, дека кон мене доаѓаш...
Марија Лозаноска
3.7.2015, петок

„Кога мене ќе ме немаш“ - Лозано; текст - Марија Лозаноска.