Ми недостигаш, човеку!
Ми недостигаш ти. Да, ти, личноста што ја немам, што не е до мене.
И не си само љубов, некогаш си ми бил сѐ.
За некого родител, некому брат, моја другарка, поранешно момче, син или ќерка.
Не онаа обична љубов, туку оној човек кој ми покажал многу, а сега го немам.
Заминал горе, на подобро место, засакал друга, заборавил пријателство, отпатувал далеку.
Или само сме пораснале.
Ми недостигаш, човеку!
Сите сме изгубиле некој. Не сме се родиле сами, не живееме во самотија, не сме предмети да не се сакаме. Такви сме: слаби во душа кога ќе изгубиме сакан. Се мразиме себеси зошто сме засакале. Обвинуваме друг зошто тоа нѐ снашло. Зошто кај другите е сѐ совршено?
Но, не е совршено. Си погледнал среќно семејство? Мислиш дека секогаш било така? Можеби жената имала непрежалена љубов, па тој ѝ се погодил добар сопруг. Неговата свршеница избегала со друг. Некој роднина ги оставил, другарот го изневерил, мајка ѝ не ѝ зборува.
Дечињата им се утеха за тој што им недостига.
Се имаат измеѓу.
Но, често си велат: „Ми недостигаш, човеку!“
Не ни било отсекогаш вака. Мене не ми се прежалени другарките со кои сум делела свет, а сега сум на едно ’здраво’. Кај некои ниту него го немам. Не обвинувам никого, времето го направило своето, но ми недостигаат често, а ги немам. Тука се, во близина, но не е исто. Не се истите луѓе, не се на истото место, не се чесните. Не сме се испочитувале кога требало, сега веќе е доцна.
Нема назад, но ми недостигаш, човеку!
Често сакам така да им речам.
Да се сите живи и здрави, ќе си речеш дека е добро, барем продолжуваат со нивниот живот. Но, има ден, кога ќе погледнеш горе, ќе се запрашаш што прават, зошто те напуштиле и дека сте можеле заедно уште многу. И ќе знаеш дека не се враќаат. Ќе ти недостигаат проклето многу. Па, ќе бидеш благодарен што си ги имал. Што си ги сакал. Колку-толку.
Но, ми недостигаш, човеку.
Проклет да си, зошто замина?!
Па, ќе зажалиш за животот. За оние добри периоди што си ги имал. За оној добар, успешен и личен човек што си бил. Ох, колку ми недостигаш, човеку! Тогаш можеби те сакале повеќе луѓе, си бил поинаков, си имал повеќе, си имал позиција, познанства, сѐ на дофат. Сега можеби си далеку од таквиот. И, да, ти недостига тој човек. Ти недостигаат оние кои си ги сакал и кои барем еднаш сакаш да ги прашаш до каде се со животот, без трошка срам, инает и завист. Да ги прашаш оние што те сакале дали сѐ уште те сакаат, почитуваат или те замразиле.
Полесно би било ако можеш секому да кажеш: „Ми недостигаш, човеку!“
Не треба да се каам, животот оди напред, но сепак си имам минато. Таму живеат луѓето кои ги сакав, непроменети, со кои стекнав досегашен живот. Сум учела од нив и со нив, сме се дружеле, сме се сакале, сме се почитувале.
И тешко е кога ти недостига човек...
И сега имам луѓе околу себе.
Можеби ќе ми недостигаат понатаму.
Сега барем не е доцна да им го кажам она што понатаму нема да можам:
- Ќе ми недостигаш, човеку!
Марија Лозаноска
29.3.2014, сабота