Валентине, јас љубев цела година
Помниш кога ми беше тешко? Е, и тогаш љубев.
Го помниш претходниот твој ден? И тогаш беше исто.
Ми беше тешко, но љубев.
Можеби ми беше тешко на тој ден во стомакот од пицата во вид на срце, но не е важно.
Ми беше тешко, убаво тешко.
Но, имаше денови кога над срце имав темни облаци. Некогаш неисплакани, неизврнати.
Некој ми ги гледаше и на лицето испишани, но јас ги гледав секој ден, во секого.
Валентине, немој да бидеш таков и да ме тераш да те славам! Една-две години тоа се случило и мора пак. Е, не мора. Јас го љубев цела година, дури и тогаш кога не бевме едно цело.
Не ме терај на славје, љубовта не е толку славна.
Го љубев и лете, кога на сите им беше жешко, а мене ми студеше. Надвор за мене паѓаа камења. Не го сакав сонцето за да не ме видат како патам. Од љубов. Што не ми даде орден тогаш, Валентине? Сите одат по одмори, седенки, пијанки, љубенки, авантури, а јас стуткана во едно ќоше и ја славам тешката љубов. Кај беше тогаш? Што, ја славиме само среќната љубов? Па, таа си се слави сама по себе, не мора да одредуваш датум. Колку денови бездатумести поминале славно и љубовно, јас да бев како тебе, не еден, туку сто и еден ќе означев. А, зошто го одреди токму 14. февруари? Што не го направи на 29. февруари, барем на четири години ќе се жалевме како немаме совршена љубов! Не си фер, Валентине, не.
Тешко е, Валентине, тешко. Не знаеш кој сѐ те слави, а кој не. Ние што се жртвуваме за љубовта секојдневно не те славиме повеќе, затоа што сме повредени, но оние со резервна девојка и момче те слават, бесрамно. Вчера се скривале, правеле прељуба, но денес те слават. Гајле им е, љубов на сите страни имаат. Ако едниот им откаже, го имаат другиот. Зарем тоа љубов е, Валентине? Се срамам кога гледам кој те слави, а мене ме одминуваш. Љубев цела година, и во добро и во лошо.
Потсети ги, Валентине, кога ќе си подарат мече, срце, колаче, да му се јават на тој истиот кога љубовта ќе им заврши.
Речи им да почекаат бурата да стивне и да се борат повторно за љубовта.
Потсети ги, потчукни ги, заповедај им - не е љубов само на Св. Валентин.
Тој што пати на тој ден, тој љуби најмногу.
Марија Лозаноска
9.2.2016, вторник