Се разбираш во поправање животи?
Слушам други луѓе како ми кажуваат што треба да направам.
Даваат добри совети.
Мудри совети.
Ми зборуваат луѓе со искуство кои поминале многу работи.
Се гледа дека знаат што кажуваат.
Ми објаснуваат со факти, со случки, со лузни.
Но, ми зборуваат и неискусни.
Тие виделе на телевизија или прочитале од книга.
И тие се мудри, паметен збор кажаа.
Но, ништо од тоа не е мојот живот.
Убаво ми велиш, но тоа не е решението за мојот проблем. Не размислуваш како мене, не си во таа ситуација и не си со тие луѓе. Ниедна комбинација на проблем не е повторена и секое решение соодветствува само на еден проблем. Да, би ме ислушал, но верувај дека ни јас повеќе не сакам да си се слушам. Зошто ли западнав во овој круг? Зошто цело време се враќам на истата мака и не можам да продолжам? Убаво ќе беше сите да бевме експерти за својот живот како што сме експерти за туѓиот.
Не ги бирам луѓето кои ќе ми се појават во животот. Скоро и ќе речам дека не ги бирам ни моите постапки, колку и да се обидувам тоа да го контролирам. Но, пусти емоции, си тераат по свое, а и јас по нив. Правам како што ми вели срцето, одам по оние по кои ми оди душата. Не ги бирам ни своите пријатели, тие сами по своите постапки одлучуваат дали ќе останат кај мене. И не, јас ги немам најпаметните пријатели, но ги имам оние кои ме сакаат и сметаат дека некои работи се добри за мене, па ми ги советуваат. А, ми ги немаат очите, ми го немаат срцето, ми ги немаат причините за моите делувања. Така и јас: подготвена пред нив да им го поправам животот и поим никој немаме што правиме.
Камо да се родевме со еден советник заедно со нас. Не мораше да се гледа, постои и дише, да постоеше како глас и само ние да го слушавме. Односно... Тој постои, и тоа како. Се вика потсвест, интуиција, ангел-чувар. Се вика сонување, се вика желба. се вика фантазија. И сето тоа е наше, сето тоа работи за нас, не против нас. Дури и егото е во наша корист ако е во доволна мера и таму каде што треба. И егото е тука да не' заштити кога срцето претерува. Зошто некогаш не седнеме сами со себе, во тивка соба или ледина и да се запрашеме: „Еј, се разбираш во поправање животи?“ Тогаш душата, умот, срцето, интуицијата и желбата ќе седнат околу тебе и ќе ти кажат што сакаат, ќе ти кажат дека само ако ги послушаш сите нив ќе си го поправиш животот. И само ако го послушаш сопствениот глас, не на другите.
Лесно е да се поправи животот.
Само треба храброст и истрајност.
Треба храброст да одлучиш самиот ти.
Никој друг нема да ти го поправи.
Само самиот ти знаеш зошто ти е скршен.
Марија Лозаноска
10.6.2019, понеделник