Никогаш за него убава
Ранлива сум личност. Но, никогаш онака како со него. Тој знаеше да ме направи најдолна. Знаеше да ме претвори во својата најлоша варијанта. Никогаш не ми рече дека сум убава. Не ни мораше, не бев нарцис. Можеби потешко ми беше што не ме сакаше како што ги сакаше сите наоколу. Млада бев, мислев дека само според убавината се сака.
А, тој сакаше само странци.
На странците им ја знаеш само убавината.
Ниту биографијата, ниту судбината.
Затоа знаев дека сака само убави.
Сакав да си го откорнам лицето. Сакав да си ја истегнам косата и да ѝ ја сменам бојата. Посакував грам месо врз коскиве како моделите на пистите. Бев млада, од каде да знаев што е здраво? Насоката кон женската убавина ми ја покажуваше тој. Мене ме одминуваше, погледот го вртеше кон други. Јас замајана, очајна за негово внимание. Сè ќе направев, само да бев убава! Да му бев нему убава. За другите не ми беше важно.
Со часови огледалото ми раскажуваше некоја тажна приказна. Врз лицето имав зборови од обли образи и недоволно светли очи. Тоа што си го сакав, почнав да го мразам. Тој не ги сакаше моите црти, сакаше некои други. Моето лице не беше убаво, огледалото претходно само ме лажело, а тогаш веќе почна да ми се исповедува и да ми признава колку јас сум била погрешно убава. Колку не сум била привлечна. Менував бои, ја виткав и правев косата, им давав друг облик на очите исцртувајќи им црни линии сè додека не личам на себе. Како пред тоа да не ми гледаа доволно црнина пред себе, како и без тоа да не ми се темнеше кога ѝ се восхитуваше на друга. Облекував тесни облеки од кои не можев да дишам, се разголував неличејќи на мојот карактер, се смеев онака како што се смееја забележаните од него.
Но, пак огледалото беше искрено кон мене, не ме лажеше како порано.
И тоа како него немо ми кажуваше само едно нешто:
-Не си убава.
Се будев во комплекси. Постанав еден огромен комлекс. Не знаев дека постои такво нарушување. Бев млада, што знаев тогаш? Го оддалечив за да не патам. Веројатно мојата ниска убавина сфатила дека не е на исто рамниште со него, дека треба да си барам на себе сличен. Го заборавив, како и секој млад човек. Но, честопати го сретнував и пак не бев доволно убава за него. Дури ни по многу време, ни по многу години не ми рече дека сум убава. Не ми беше важно, но секогаш покрај него се потсетував дека никогаш за него нема да бидам убава.
Дека за него никогаш нема да вредам.
И пак болеше, колку и да застарело.
Поминаа многу години откога огледалото почнав да го знам како себеси. Ликот во него не ја намалуваше високата вредност. Некој друг ми кажуваше дека сум убава и знам дека ме сакаше најмногу поради онаа одвнатре. Почнав да ги разграничувам тие две работи.
Но, никогаш не ја преболев грдотијата покрај тој еден човек. Секогаш беше нем покрај мене и ме одминуваше. Секогаш бев несредената девојка покрај него, со непривлекувачки облини и погрешна боја на коса.
-Зошто не ти бев убава? Која девојка за тебе е убава? - мојата зрелост го праша.
-Ти никогаш не беше убава за мене - ти беше најубава! - ме зачуде неговиот одговор.
-Тогаш, зошто ова не ми го кажа кога ми беше најпотребно? - рането извикав.
-Ти секогаш ми беше достапна и тоа воопшто не ме привлекуваше. Секогаш туѓото ми беше поубаво. Не ни знаев што сакам тогаш, а ми беше страв дека ако ти вратам на љубовта, ќе мора цел живот да те чувам бидејќи беше најсовршената од сите. Не бев спремен на тоа. Мислев дека на мојата машкост уште многу девојки ѝ требаа пред вистинската. Јасно ми беше дека се појави во мојот живот прерано. Но, млад бев, што знаев тогаш?
Никогаш не бев убава за него. Дури ни во тие моменти, откако ми призна, јас не му бев убавицата. Но, не жалев поради тоа. Жалев за времето и болката што ги потрошив за него.
Мојата убавина никогаш не го ни заслужувала.
Ни таа врз мене, ни таа во мене.
Убава требало да бидам само за друг.
Оној кој секогаш ќе знае која има крај себе.
Марија Лозаноска
23.1.2014, четврток