Јас, тој и сите негови „бивши“
Голем е списокот, не велам не. Голем колку оној на мајка ми во сабота за во супермаркет - ама нема пари да купи сѐ.
Па, така и тој.
Ми набива само комплекси од непостоечки девојки.
Не е тој толку скап. Само списокот си го набилдал.
Нема место во кошницата за толку производи.
Си ја удирав главата од ѕид. Сакав да знам сѐ за неговите „бивши“. Ох, колку го мразам овој збор! Не е ни наш, позајмен е од друг јазик. Ама и девојките не се повеќе негови, поранешни се, па некако поминува зборов. Грд е како и нив.
Да, се удирав, и тоа силно. На свежо бојадисан ѕид. Која била, каква била, како е пишана на Фејсбук, со кого се дружи, што е толку посебна. Што е толку подобра од мене! На каква слика мојов ѝ ставал лајкови. Следниот пат ќе скратам шишки како неа, ќе почнам да носам накит, пантолоните ќе ги заменам со фустанче. Што покусо.
Признавам - се удирав на нејзиниот ѕид, на оној фејсбуковски.
Цело време нашата врска беше таква. Јас, тој и сите негови „бивши“. Се споредував, сакав да бидам подобра од нив, често се спуштав ниско и тие беа многу подобри од мене. Послаби, со поздрави коси, со помодерни парчиња облека, со повеќе другарки. Но, најтешко ми беше кога требаше да си признам дека некоја од нив ја сакал најмногу. Или дека мене ме сака најмалку.
Несвесно сакав да личам на неговите „бивши“ кога се запознавме. Мислев дека само на таков начин ќе ме засака. Дека ако сакал руси, ќе морам и јас да ја осветлам косата. Ако таа е слабичка, тогаш да се откажам од јадењето. Ако изгледала богато, да си ја обновам гардеробата и јас. Се претворав во тотален манијак. Бев маскирана во потезите од неговата најпоследна што му ја знаев. Мислев: последно чувство - најсилно чувство.
Почнав да се чувствувам како да лежам в кревет со сите нив. Постојано ги размислував, мислев дека колку што мене ми се вртат во главата. толку му се вртат и нему во неговата. Упорно цела таа редица од девојки се попречуваше меѓу нас, а јас и него бевме како вратари на концерт кои проверуваат што носат посетителите по џебовите. Тој беше оној кој стоеше исправено и не прецепираше никого, а јас бев таа која мораше да извиди сѐ, да прочепка сѐ.
Но, редицата беше долга. Поради неа јас и него сѐ повеќе се оддалечувавме.
Не помислив дека сите што купиле карта ќе влезат внатре и на крај ќе си заминат без да сме им потребни на јас ни тој. Секако ќе останевме само ние двајца.
Не сфатив дека повеќе внимание јас сум им обрнала, отколку тој во целата нивна врска.
Ми се скара. Постанав и јас „бивша“. Изгледа сум била како мајка ми - единствениот долг список сум го правела само јас, сум додавала и додавала, без да сфатам дека не можам да си го платам тој товар.
Тој беше во право, бев неподнослива, љубоморна, посесивна, натпреварувачки настроена. Со девојки како мене нормално дека низата на „бивши“ ќе расте. Не обрнував внимание за тоа да бидеме само јас и тој, без сите негови „бивши“.
Не се трудев доволно за него, колку што се трудев за секоја негова поранешна.
Знам дека не се трудев доволно за да бидам неговата последна.
Марија Лозаноска
9.3.2014, недела