Алиса во светот на Селфи-лајкни-ја
Денес бев на факултет. На средина од студии сум, ни ваму ни таму. Сум го фатила орото, да го доиграм. Имавме полагање. Не дека сум некој казнољубив студент, но на тој од регуларната сесија се успав. Ох, не се пропушташе претходната вечер, тоа беше журка на годината! А, има многу риби во морето, не беше штета ако пропуштев една. Си ги знаев квалитетите.
Немав подготвено никаков препишувачки мате-ријал, ако тоа ме прашувате. Мислите, дали сликнав со мобилниот? Не, не. Всушност, јас бев една од ретките во амфитеатарот што тоа го немаше направено. Не дека не можев, туку не ќе можев да ги прочитам буквите, мобилниот ми има слаба камера. Кутрата јас, срамота! Дури и никој наоколу не си го сокриваше телефонот. Некои „вечно-дотерани-за-на-факултет“ почнаа и селфија да си прават. Една таква девојка токму пред полагањето направи едно стотина, па си помислив, за време на тестот не ќе може да си ја најде низ албумите сликнатата лекција. Можеби и немаше направено слика-препишувалка. Таа беше толку опуштена, што најверојатно таквото полагање за неа беше често. Всушност, токму поради неучењето и незамарањето веројатно се наоѓаше во казнената сесија.
Јас во тие термини бев првпат.
Ништо страшно, само ново.
На враќање поминав низ центарот на градот, фрлив поглед кон бутик, два, па фатив автобус од најблиската станица. Мислев дека умот сè уште ми беше во просторијата за полагање, затоа што низ патниците ми се гледаа истите ликови. Како пак да ја гледав девојката со селфито пред испитот, но овојпат правејќи го него повторно низ седиштата. Ох, не сонувам! Тоа беше истата девојка и истото го правеше! Беше веднаш до прозорец и се сликаше со сообраќајот виден низ него во позадина. Носеше бела бунда од зајачко крзно и врз неа долгата црна коса со вештачки додатоци.
Мене ми се спиеше, цела вечер учев.
Не бев за селфи, ќе немав ниеден лајк.
Со неа слеговме на иста станица, близу паркот. Морав да поминам низ него за да си одам дома. Таа беше пред мене и ја забележав како седна на една клупа врз која се одмораше баба со нејзиното преслатко бело кученце. Девојката повторно направи селфи.
Со кучето.
Гушејќи го.
Бабата не рече ништо, не ја ни погледна. Изгледаше како да е девојката на стари години, опуштена. Не бев многу навлечена на селфијата, но се чувствував како навистина да не умеам на тоа поле. Сфатив дека моите неколку на Фејсбук и Инстаграм се мизерни покрај овие. Ми немаа тематика, ми имаа само бел ѕид во позадина. Не знаев дека има цела една наука за нив, а јас неука. Таа потем си замина. Со бабата не зборна, очигледно не се знаеја. Небитно, кучето беше преслатко, во ред е.
Вечерта чмаев на Фејсбук. Ја ролав почетната страница како на неа да нема ништо ново. Наеднаш видов многубројни лајкувања на неколку слики, кои честопати вечерта ми се повторуваа. Профилот не ми беше во пријателите, но лајкувачите ми беа, а на сликите имаше уште една фотогенична девојка. И, пуста љубопитност човечка, не можеш, а да не видиш.
Отидов на нејзиниот профил и целиот ѝ беше јавен. Најново постирала слики како снег бели, а на нив троцифрени допаѓачки бројки. Но, тоа не беше снег, туку зајачката бунда! Тоа беше колешката со своите селфија! На секоја од нив имаше објаснување каде била. Ги препознав сите локации, тоа беа истите оние на кои и јас присуствував. Но, текстот беше оној што не го препознав:
„На предавање на факс. Се досадувам, уф!“
„Се возкарам низ град со моето количе, мразам гужва низ град! :( “
„Со моето најслатко кученце, се шеткаме низ парк. Бебушко, најмногу си го сакам! :)“
Не знам дали очите ме лажеа, но таа го камуфлирала целиот ден! Низ прозорецот се гледаше дека е во сообраќај сместена во превозно средство, но не се гледаа автобуските седишта. Имаше зад неа студенти, но таа не беше на предавање (којзнае дали воопшто доаѓала, штом чекала полагање за да се сликне), а бабата која го поседуваше кученцето беше кропната! Ох, кутра јас, ох кутра јас Алиса во земјата на Селфи-лајкни-ја! Ете како се добивале лајкови. Ете како сите имаат сопствени коли и кученца со педигре.
Тоа правело селфито, така се создавал лајкот.
Но, ако, нека сум неука, не е поучна оваа наука.
Барем си го најдев зајакот за да ме прошета.
Да ме прошета во светот на чудата, во светот на Селфи-лајкни-ја.
Марија Лозаноска
25.10.2014, сабота