Навикни се, уште ќе те повредуваат
Се сеќавам на моите безгрижни денови. Тоа беа кога бев помлада, можеби тоа беше времето кога посетував училиште. Без разлика дали средно или факултет. Мислам дека тоа беа последните години кога немав никакви грижи. Мислев дека испитот по светска книжевност беше мојот најстрашен момент. Ох, колку не беше. Секојдневно имам испити, но камо да беа светски. Овие се малограѓански, од луѓе што, за жал, го виделе светот, ама не сфатиле ништо. Повредуваат чиниш тие те створиле.
Па, и да ме створиле?
Од каде таа желба за уништување?
Несфатен садо-мазо.
Во него барем уживаат обострано.
Повредувањето на емоции боли најмногу.
И никогаш и никој не уживал во таквиот чин.
Малку чувство на умирање, на преживување, на засилување.
Па, преминување во навика.
Ќе се навикнеш, но не преболува.
Мало жарче секогаш останува за да те потсети.
Сум имала среќни моменти, не да сум немала. Со нив доаѓале среќни луѓе, јас сум била среќна. Но, некако многу скапи, да му се плукнам. Ех, ова е вистинската емоција, со плукање. Оти доаѓа момент кога треба да си ја избришеш плунката - онаа со која си се лигавела по луѓето и онаа со која те плукале истите. Така замачкана со плунки, со извалкани раце и мисли, се претвораш во некој друга. Онаа, валканата. Со затскриени чувства, со суви очи, со строгост во гласот, со избришано треперење кога ти било тешко. Оти повеќе не ти е тешко. Не, не си прекинал со живеење, далеку од тоа, туку си сфатил некои работи. Не си ги преминал, преминувањето значи дека замижуваш со едното око, можеби и со другото, и се преправаш дека не се случило ништо. Си се залажуваш, си негуваш детски болести. Ова е момент каде ја прифаќаш судбината. Дека луѓето ќе продолжат да повредуваат. И во нив ќе се вклопиш и ти, и ти ќе почнеш да повредуваш. Можеби за да не те повредуваат, што знам. Можеби дека тоа е единствениот начин на живеење, што знам. Ама ќе се вклопиш. Ќе плачат поради тебе, ќе патат, ама тебе око нема да ти трепне.
И знаеш зошто?
Бидејќи очите ќе ти се истрошени од плачење.
Од натежнатоста на солзите како да престанале да функционираат.
Гледаат, ама нема што да испуштат.
Си велиш: „Тешко им е, ќе им помине. Знам дека и јас поминав низ тоа. Поминав со овие проклети огромни чувства кон сè и сешто, па сигурно ќе преживеат и тие.“
Си поминал низ големи љубови. Некои биле пред чинот на свадба. Некои биле со забранети овошја. Некои со совршени. Но, завршиле иако ветувале многу. Си поминал низ раскинувања, низ тешки разделби, игнорирања и понижувања. Со совршените сте имале далеку од совршен прекин на контакт. Болно болен.
Мислиш поминало, ќе дојде сонцето по дождот, се појавува вистинскиот - пак со него исто.
Доаѓа трет, четврт, се повторува, па преминуваш само на утехи.
И колку ја пополнуваш празнината, низ некоја пукнатина пак ќе истече наполнетото.
Оти не е тој што треба да те состави, не знае како.
А, знаеш зошто?
Никој нема да ти ја пополни пукнатината.
Ниедна рака не чеша како сопствената.
Никој нема да знае како да те излекува и утеши ако ти не знаеш.
Навикни се, може уште ќе те повредуваат.
Само ако им дозволиш, само ако се потчиниш.
Залечи си ја прво пукнатината, па прави што сакаш.
Подобро е кога љубиме здрави.
Марија Лозаноска
17.4.2017, понеделник