Пресметка во љубовта
Светот се договорил како треба да изгледа мојата љубов.
Како да се однесуваме, како да се сакаме, колку да се сакаме.
Ни одредил како треба да изгледаме, по колку години да имаме, која нијанса на кожата да ја носиме.
Пари на сметка, диплома на полица, работно место, религија и вера, фамилија, имот.
Светот ја знае целата листа.
Јас очигледно не.
Не знам ни да ја довршам.
Да знаев, можеби и ќе одев по неа.
Ќе одев баш по таа пресметана љубов на тие околу мене.
На светот околу мене.
Се сеќавам како мала дека често се заљубував. Никој не ме тераше, никој не ми забрануваше, детски си љубев скришно во себе. Затоа што само таму смеев и затоа што таму сакав. Во моето срце секогаш ми беше најудобно. Таму бевме пораснати, таму смеевме да се наречеме пар, таму ни беше љубовта од бајките. Мечтаев, баш како што треба. И никогаш не ми беа важни петките или двојките во дневник. Момчето ја имаше таа искра, момчето ја имаше таа ѕвезда во него. Никогаш не знаев како му се викаат родителите, дали има браќа и сестри. Пари за мене беше џепарлакот од родителите, а имот беше мојот ранец со училиштен прибор. Толку. Во моето срце имаше само љубов за сите нив, за сите симпатии. Детски, со протокол каков што треба.
Добро се сеќавам на сето тоа, затоа што фантазијата си ја задржав. Пак љубам со фантазија во срцето. Но, денес, за разлика оттогаш, знам што значат парите, знам што значи имотот, знам што значи потеклото. На срцето сето тоа му пречи. Моето фантазирачко срце, кое со години си го негував да остане исто како во детството, не го разбира денешниот свет. Надвор има многу пресметки, срцето не знае што е пресметка. Можеби е глупаво, но мерката глупавост за секого е различна. Ако чистата љубов е глупавост, тогаш слободно можам да се наречам глупава. Без навреда кон себеси, без никаква предрасуда. Едноставно љубам глупаво, светот не го разбирам. Моето срце не знае дека неговите најубави очи треба секојдневно да гледаат во огромната сума на пари. Неговата нога не мора да стапнува на голем имот за да го чекам да ми дојде. Неговата душа не мора да е живеана во совршено семејство за да ја посакувам до себе. Неговото минато моето срце не го гледа затоа што глупаво фантазира за светлата иднина што само јас и него би ја граделе.
Викајте ме глупава, дека не знам математика. Наречете ми ја мојата љубов исто така глупава затоа што не љуби богато момче од позната фамилија со драгоцена диплома и со посакувано работно место. Глупава сум, ама покрај него среќата ми е совршена. Јас и него можеме да имаме живот каков што сакаме, затоа што нашите глупави срца знам дека ќе изградат дом, а не куќа, ќе израснат семејство, а не позната фамилија, дека ќе воспитаат негувани деца со љубов, а не разгалени богаташи...
Викајте ме глупава, ако тоа е мерката за љубов.
Ќе бидам најглупава љубејќи го и во најтешките времиња.
Поддржувајќи го и во најлошите кошмари.
Љубовта нема сметка, има само дом.
Светот нека брои само колку љубов има.
Не колку чини.
Марија Лозаноска,
недела, 10.2.2019