Поучна приказна: Жената што била во право
Си бил некој стар човек и сите што го знаеле го нарекувале Мудрец. Секој што имал мака му се обраќал прво нему. Тој знаел каде се раѓа изворот ако нема река, делел мир во лути војни и знаел со кој мелем се лекува секаква болка. Секој негов збор бил како златник кој му паѓа од устата.
Единственото негово богатство го трошел само на народот. Не постоел човек кому не помогнал.
Еден ден Мудрецот слушнал дека живеела жена во некое далечно село, која секогаш била во право. Не знаел зошто било тоа така, па решил да ја најде и да ја види таа правична жена. Прашал по пат дури сто и еден човек и сите му го рекле истото: „Таа што и да каже е во право.“ Стариот паметник малку се подналутил бидејќи постоела жена која е далеку помудра од него. Најпрво сакал да дознае низ народот што е тоа што ги посоветувала таа. Стигнал до нејзиното село и влегувал во секоја куќа.
„Добри луѓе, имам една мака и сакам да ја најдам правичната жена која ќе ме посоветува. Дали може да ме упатите до неа?“
Секаде го прашувал истото прашање и сите го упатувале кај неа.
„А, зошто мислите дека е таа најправичната жена? Како таа ви помогнала?“
На второто прашање повторно сите исто одговориле: „Нам ништо, бидејќи не сме ѝ побарале совет. Премногу ни е страв од вистината и не сакаме да се разочараме. Едноставно не сакаме да слушнеме за себе лоши зборови, колку и да биле реални. Повеќе сакаме проблемите во семејството да останат без да знаат другите. Но, сигурно знаеме дека на други им помогнала.“
Мудрецот повторно го слушнал истото и во другите куќи и не нашол ниеден човек на кому му помогнала правичната жена. Не му било јасно зошто сите ја величат, а ниеден не бил сведок на нејзиното добро дело. Луѓето не ни знаеле како таа изгледа, но верувале дека постои во нивното село.
Старецот одлучил поинаку да ја најде, предводен од својата мудрост. Најпрво барал жена која оди исправено и гордо знаејќи дека е секогаш во право. Но, таква жена немало. Сите биле скромни, вредни и посветени на семејството. Никоја не се издвојувала со посебни знаења.
Мудрецот скоро и се откажал. Само тивко рекол:
-Зарем никоја овде не е во право?
-Мајка ми е во право! - изустил еден млад човек кој случајно поминувал и го слушнал.
-Зошто, младо момче, велиш дека токму таа е во право?
-Не знам, старче, но таа секогаш е во право. - несигурно рекло момчето.
-Тогаш, одведи ме кај неа. Очајно ми е потребен нејзин совет.
Момчето го одвело мудрецот во нивната трошна куќа. Во дворот имало многу деца кои биле прилично гласни. Сите деца биле браќа и сестри на момчето. Мудрецот влегол заедно со момчето во нивниот дом кој не изгледал воопшто различно од останатите во селото. Ја видел конечно неговата мајка за која тврдел дека таа е жената која е секогаш во право.
-Добар ден, добра домаќинке. Јас сум Мудрецот кој патува оддалеку само за да ја најде жената која секогаш е во право. Зошто мислите дека тоа сте вие?
-Добар старецу, јас сум само една мајка која подеднакво ги сака, ги кара, ги советува и ги расте сите свои деца. Единствено ним им се посветувам и им кажувам каде грешат. Не очекувам ништо за возврат, само да бидат за себеси добри, успешни и вредни луѓе кога ќе пораснат. Го слушам само своето срце и без трошка завист, љубомора и омраза им кажувам што е добро за нив и кој пат е правилен, а кој не. Но, колку што сум кршлива, толку сум и храбра за да го прифатам она што ќе одлучат тие. Секоја мајка го сака само најдоброто за своето дете.
-Но, има многу мајки на светов. Зошто токму ти си пред светот најправедната?
-Мудрецу, ни јас сум најсовршената мајка, ниту моите деца се повредни од другите. Тие се само премногу гласни и кажуваат сѐ што мислат пред народот. Сигурно го кажале и тоа дека јас секогаш сум во право.
Мудрецот сфати дека, од толку мудрости што знае, најблагодарен треба да им биде на оние од својата мајка, бидејќи таа е најправичната жена во животот на секое дете. Тој колку и да помага, никогаш нема да биде поправичен и попотребен од мајката кон своето дете.
Тоа само треба да е доволно гласно за да каже:„Ти благодарам, мамо, ти си секогаш во право.“
Нема поголемо богатство и поголемо величење од благодарните деца.
Мајки, децата знаат дека сте во право и тогаш кога молчат.
Марија Лозаноска,
6.3.2014, четврток