Сакам човек наспроти мене
Не сакам некој кој ќе ми ги кажува сите мои мани.
Ќе ми кажува како ние сме различни.
Да ми кажува како јас сакам да доминирам, како јас сакам да бидам во право.
Сакам човек кој ги надминува тие површности.
Кој ќе сака да сака како мене.
Кој ќе умее да љуби како мене.
Кој нема да ме игнорира.
Кој ќе се јавува само за да ме слушне.
Кој ќе ме нарече будалетинка зошто се нервирам.
Бидејќи ќе знае колку вредам.
Бидејќи тој ќе знае дека вредиме исто.
Не сакам повеќе да слушам како треба да најдам образовано момче. Да најдам богато момче. Да најдам паметно момче. Да најдам убаво момче. Не сакам да ми наметнуваат кој било... Не сакам момците да ми се наметнуваат ниту мене. Оние забранетите, зафатените, фраерите. Да, преку глава сте ми! Зошто мора секогаш вас да ве има, зошто мора секоја да ја имате, која е таа празнина во душата што мора така да си ја пополнувате? Сакате да ја имате секоја и на крај да не поседувате никоја.
Не сакам да ми се наметнувате. Бидејќи јас чувам место некому. Некому кого можеби не го знам, но знам дека многу ќе го чувствувам. Оној кој ќе му бидам убавица во утрата без шминка и остарени пижами. Оној кој ќе знае зошто сум се изнервирала и ќе проба да ме смири. Оној кој ќе биде доволно вреден за јас да го смирам. Кој нема површно да ми кажува како сака да успее во животот, а не сака да работи ништо. Не сака да работи на себе, не сака да работи за нашата љубов, не сака да работи за градење на душата.
Не ми треба таков и ако се пронаоѓаш во него - те молам оди си.
Не му зафаќај место на момчето наспроти мене.
И не сакам богат, интелигентен, образован, позциониран. Сакам да ме разбира. Сакам да ужива во моите лудости. Сакам да ужива во мојата насмевка. Сакам да сака авантури како мене. Сакам да го гледа светот како мене. Сакам да е полн во душата и секојдневно да ги брка лошите мисли. Затоа што денеска образованието не вреди ништо, денеска од сиромашен си богат и обратно, денес паметните луѓе се преценети и мислиме дека се паметни за се'. Е па знаете што: не се паметни за љубовта! Ги преценував интелигентните кои успеале во некое свое поле и сум мислела дека ќе успеат и во љубовта и во мене.
Секогаш сум мислела дека во занаетот, изгледот и потеклото се тие наспроти мене.
И сум се излажала.
Луѓе сме, растеме. Растеме во срцето, растеме во надежта, растеме во љубовта.
И не мора тој да пораснал во кариерата и успехот, доволно е да биде надраснат во душата и да ми ја расте насмевката кога ја снемало.
За таков и јас ќе си го отворам срцето.
Додека не ги избркам наоколу оние што ми го намалија љубењето.
Марија Лозаноска,
27.4.2018, петок