Змија на срце, среќа на лице
Не ме прашувај што ме боли!
Некоја баба магија ми стори,
мачка црна ми помина пред очи,
во глува доба згазив самовила,
на бебето пу-пу не сум направила.
Не ме прашувај, ајде оди!
Викаат малер ме фатил,
дедо мој за долгот не платил,
сум вршела казни од предци разни,
ме фатила мајата, сум ја отворила вратата,
кога лошо ќе стегне - ајде, добредојде на злото,
заедно сè нека легне!
Ќе ти кажам, ама не кажувај.
Една лута змија на срце ми легнала,
ниту сум погазила црна магија,
ниту очи убавина ми фатила.
Мојто прво либе свадба ќе прави,
а мене таму нејќе да ме кани.
Сите сватови ми вртат вратови,
да не ми видат рода,
ќе ме полеат со вода,
ќе ми покажат лукче, темјанче и крвче,
да не сум од оние сторенија
што прават присторенија.
Ама како да не кажувам, толку ме боли!
Ни се случи злото, не ни бил денот.
Ни снема љубов, ни отиде векот.
Не се сакавме повеќе,
зошто да се мачиме?
Но, пуста болка љубовна
довека ќе лечиме, за прво либе ќе плачиме!
Среќа си ветивме, на лице да носиме,
со друг да живуваме, челад да си гледаме.
А, пуста злоба човечка!
Мислат јас сум била виновна!
Велат јас сум го оставила,
насмевка сум си ставила
веднага сум го заборавила!
Зар треба да плачам пред народот, велиш?
Зар солза од срце со светот се дели?
Него го милував и ќе милувам до гроба,
мене не ми згреши ниту пак на Бога.
Му ветив среќна секогаш да ме гледа,
дури и на свадбата кога со друга ќе го женат.
Но, не му ветив дека ќе си избркам змијата,
тоа не се лечи, не се става под земјата.
Ете, тоа ме боли, пријателу стар,
не бев за него венчален дар,
не сум ни очараната, не сум таква станата,
ниту слаба пред другите
за да се сити рајата.
Тоа ме боли и тоа ќе ме боли.
Некоја баба магија ми стори,
мачка црна ми помина пред очи,
во глува доба згазив самовила,
на бебето пу-пу не сум направила.
Не ме прашувај, ајде оди!
Викаат малер ме фатил,
дедо мој за долгот не платил,
сум вршела казни од предци разни,
ме фатила мајата, сум ја отворила вратата,
кога лошо ќе стегне - ајде, добредојде на злото,
заедно сè нека легне!
Ќе ти кажам, ама не кажувај.
Една лута змија на срце ми легнала,
ниту сум погазила црна магија,
ниту очи убавина ми фатила.
Мојто прво либе свадба ќе прави,
а мене таму нејќе да ме кани.
Сите сватови ми вртат вратови,
да не ми видат рода,
ќе ме полеат со вода,
ќе ми покажат лукче, темјанче и крвче,
да не сум од оние сторенија
што прават присторенија.
Ама како да не кажувам, толку ме боли!
Ни се случи злото, не ни бил денот.
Ни снема љубов, ни отиде векот.
Не се сакавме повеќе,
зошто да се мачиме?
Но, пуста болка љубовна
довека ќе лечиме, за прво либе ќе плачиме!
Среќа си ветивме, на лице да носиме,
со друг да живуваме, челад да си гледаме.
А, пуста злоба човечка!
Мислат јас сум била виновна!
Велат јас сум го оставила,
насмевка сум си ставила
веднага сум го заборавила!
Зар треба да плачам пред народот, велиш?
Зар солза од срце со светот се дели?
Него го милував и ќе милувам до гроба,
мене не ми згреши ниту пак на Бога.
Му ветив среќна секогаш да ме гледа,
дури и на свадбата кога со друга ќе го женат.
Но, не му ветив дека ќе си избркам змијата,
тоа не се лечи, не се става под земјата.
Ете, тоа ме боли, пријателу стар,
не бев за него венчален дар,
не сум ни очараната, не сум таква станата,
ниту слаба пред другите
за да се сити рајата.
Тоа ме боли и тоа ќе ме боли.
Марија Лозаноска, 2014