Со чувства си папучар, без нив си скот
Абе ајде! Нова генерација, нов свет, нова технологија, нова младина. Што е ново тука? Снобизмот? Новите луѓе-роботи? Која е новата вредност тука?
Не ја сакам новата генерација.
Не го сакам новиот тип на луѓе.
Сакам да се врати времето кога се ширел мирот.
Љубовта.
Слогата.
Кога сме биле соединети, сојузни, либерални.
Хипици. Со цветови на колите и фармерките.
Не ја сакам новата генерација.
Не смееш да му се јавиш - расипана си.
Не смееш да се дотераш - здебелена си.
Ако се дружиш - само корист бараш.
Кажуваш што добро си направил - се фалиш.
Искрен си е еднакво на арогантен.
Со чувства си папучар, без нив си скот.
Порано најголем успех во животот било формирањето семејство. Се мажеле и женеле многу рано. Бегале од дома, се земале од љубов. Раѓале еден куп дечиња. Работеле по дома, живееле од земјоделие, сточарство, занаетчиство...
Што мислите, дека денес се на повисоко ниво целите и успесите? Дека денес кариерата, насловните страници, милионите во банка, раскошниот имот и богатотот си-ви се на врвот на желбите? Не е така, само цената е превисока, начините се скоро невозможни, а не вредат воопшто. Знаете зошто? Поради истата онаа причина од нашите баби и дедовци. Да, оние истите со еден тим дечиња и прераната мажачка и женачка.
Поради причината наречена семејство.
Она семејство составено и од нероднинска врска.
Без него не вреди ништо.
Во раскошна куќа не се живее сам.
Колата не вреди ако не е разнишана од дечињата и разлигавена од домашниот пес.
Насловната страница исто како да не била ако не ти ја покажат дома и не се подмочаат од радост пред гостите.
Милионите пак се трошат на семејството.
Што поквалитетна храна, овозможено школство, патување, одмори.
Бидејќи треба да гушнеш некого на фотографијата.
Некој тебе треба да те слика.
Кој ќе се грижи најмногу за тебе ако изгориш на сонцето или ти се лоши по патот?
Семејството.
Навечер, пред легнување, не се гушка аплаузот, напишаната книга, снимениот албум, завршените статистики или добиениот случај.
Некој треба да те слушне ако ти е тешко или да ти се израдува ако си сработил.
Не да ти помогне, само да те ислуша.
Денес, за некого, е дури најголемо богатство тоа едно детенце.
Колкава ли е сега разликата со дамнешниот тим?
Новата генерација не го сфаќа тоа.
И јас сум новата генерација. И јас сакам величење. Сакам успех, пари за подобар живот. Затоа што мислам дека кон тоа треба да се стремиме, затоа што мислам дека тоа е мерилото за да бидеш подобар човек денес. Но, останатата нова генерација секојдневно ми покажува дека не вреди. На денешниот замислен врв, пласиран од медиумите, интернетот, фотошопираните слики, украдените пари и купената слава, остануваат само оние кои мислат само на себе. Ниту ги погодуваат критиките, ниту им се восхитуваат на пофалбите. Не се загрижени за она што го оставаат дома, ниту на она што треба да го создадат допрва.
Мене семејството ми е важно.
Љубовта ме крева.
Со чувства знам дека сум жива и се нарекувам човек.
Ги повикувам пријателите поради единствената корист - смеата.
Ги повикувам оние за кои знам дека не ми се лутат кога сум искрена.
Не и оние за кои споделувањето среќа е луксуз.
Не сум ни папучар ни скот.
Така ми рекле луѓето што ги сакам.
Така ме научиле луѓето што им требам.
Марија Лозаноска
22.2.2014, сабота