Сакај ми го срцево, изгледот ми се менува
Знам поради што ме засака. Знам што си кажал кога првпат си ме видел. Сум била најубавата што дотогаш си ја сретнал, сум била културна и фина при првиот поздрав. Издвоена од толпата, најубава во просторијата.
Не дека тоа е мојот опис. Не се доживувам таква. Скромна сум. Наивна. Повлечена. Неинтересна. Можеби дека тој ден бев на фризер, имав ново фустанче. Шминката ја погодив. Случајно си ме видел под вистинскиот рефлектор во дискотеката. Можеби си бил ти осамениот, желен за девојка, одамна оставен, отфрлен од љубовта. Јас сум ти изгледала како утеха, нешто да смениш.
Нема да бидам секогаш таква. Често ќе бидам грда, со расипана шминка, здебелена, нерасположена, лоша, со погрешна комбинација, со храна околу устата, со несредена коса и одраснат корен, со поткршени нокти. Остарена и тажна. Мрзлива и опадната. Нема да се издвојувам од толпата. Ќе бидам изморена од напорниот ден, разочарана од неисполнетите очекувања. Расплакана за глупости. Љубоморна и посесивна. Напорна и глупава.
Ќе бидам само човек.
Но, многу ќе те сакам. Не поради комплиментите што ми ги даваш, туку поради вниманието што го трошиш. Поради што со мене си подобар човек. Бидејќи се смируваш со мене кога си лут на светот. Бидејќи твоите раце се најсилни за мојата слаба душа, бидејќи тие секогаш ќе одговараат со мојата големина на прегратката. Бидејќи празнините низ твоите прсти точно се исполнуваат со моите. Бидејќи телото ми се затоплува кога си ми блиску. Не сум празна по твојот краток бакнеж.
Не сум лоша кога ќе ми се насмевнеш. Не сум старата, туку сум нова и посилна личност по тебе.
Не поради твоите успеси. Или по поранешните девојки. Не по тоа што секоја девојка помислувала да биде со тебе. Нема да те сакам ако си поинаков од она што те знам. Ќе те сакам само поради она кога ќе сме сами, далеку од светот. Далеку од оние што ни сакаат зло, оние што не нѐ сакаат заедно. Далеку од оние кои мислат дека или јас или ти сме предобри за другиот. Дека не се заслужуваме. Дека од каде ли сме се нашле. Дека повеќе си одговараме со некој друг. Со некој кој ќе одговара на мојата висина, а таа ќе биде доволно позната за твојата репутација.
Јас ќе те сакам само поради она што го носиш внатре, а не поради вчерашниот твој успех.
Затоа сакај ме и памти ме поради сите добра што ти ги правам.
Поради љубовта што ти ја давам.
Заљуби ме во срцево, тоа секогаш ќе биде исто кон тебе.
Марија Лозаноска
13.11.2013, среда