Има датуми што болат
Има датуми кои корнат! Како торнадо ти трештат в душа. Како најтешки мразулци те бодат право в срце. Датуми кои посакуваш да ги преспиеш, да ги изнаработиш, да си најдалеку, да ги избришеш од календар. Но, пак доаѓаат. Камо да беа сите тие датуми 29. февруари! Секоја четврта година ќе ги пречкртав како да не е престапна годината.
А, постојат. Звучни, ударни, лесно запапамтливи. Секоја година исто болат.
Не можам да го сфатам оној чиј ден мојата најголема болка му е празник. Да, оној датум кој ме боли, некому е празник. Најмногу тие ме болат. Еден лик токму тогаш ме потсети дека на празник некој нема да те сака, дека ако денот е сончев не значи дека е светол. Ја мразев секоја насмевка и песна од секого, дури и поводот зошто тој ден се слави. Ќе видам лица озарени со моите очи расплакани. Слават, но мене не ме викнале, дека можеби ја препознале мојата болка. Бев црната овца во белото стадо од славје, бев она битие на планетава кому не му дозволиле да слави, бидејќи секој празник ќе го потсетува на него. Ќе го потсетува на оној лик кој еднаш, наместо мемоари, подарил таги. Заокружил со црно неколку датуми.
Паметам ќе се соберевме. Со песна, со смеа, со радост дека е празник. Денес боли колку многу го сакав тој празник. Боли бидејќи денес имам само датум, но со значење на срцебол. Солзи сами навираат кога пак тој ден се ближи. Наговестува дека треба да бидам среќна, но сум се’ потажна. Светот слави, а јас ќе се радувам само кога ќе замине. Ќе бидам среќна кога ќе замине сонцето на запад, стрелката по полноќ, денот кога ќе прекрши, лошите луѓето кога ќе ме осамат. Па, да не се сеќавам како се собиравме, колку бевме среќни заедно, колку се смеевме и сакавме истовремено.
Болат тие датуми, боли тоа време.
Никогаш нема да сфатам како можат луѓето да се среќни на мојот тажен ден.
Никогаш нема да сфатам како луѓето биле лажно среќни на тој празник.
Можеби и никогаш не сме биле среќни ако денеска не постоиме како едно.
Никогаш нема да бидам среќна ако бројам денови на тага.
Ќе ме доуништат, ќе ме доиспразнат.
Нема да бидам среќна ако ги немам и датумите на среќа.
Марија Лозаноска
21.12.2014, недела