Еве, те ослободувам, уживај
Доколку ти зависи среќата од мене - те ослободувам!
Ако животот со тоа ќе ти биде посреќен - оди, ич не ме гледај!
Те ослободувам.
Себична бев, знам.
Те стискав во моите пранги од љубов, те мачев со моето внимание.
Знам, затоа сега те ослободувам.
Те ослободувам од онаа девојка со која правеше планови, смислуваше имиња на деца, поминуваше време.
Не знам како досега не сфатив дека те задушувам со тоа!
Себична.
Напната.
Масирачка.
Лудачка.
Еве, сега ми текна.
Слободен си!
Живеј со тие што не те бараа никогаш за добро, попотребни ти се.
Радувај се со оние кои никогаш не те прашаа дали ти треба нешто.
Јас со таквите прашања само во робија те држев, стоеше стиснат, заробен.
Јас и мојата глупава љубов!
Ослободи го, нека си ја почувствува среќата како човек.
Како слободен човек.
Мене не ме прашувај, мене така и ми треба. Терор човек сум, напнат човек сум.
Порано се нарекував борец во животот, сега само човек кој не знае каде треба да застане.
Мислев дека треба да се бориш за тоа што го сакаш, но не, требало да го ослободиш.
Никој не сака толкави синџири од љубов, толку прашања како ти поминал денот.
Сфатив, добро, ќе те ослободам.
Еден ден, можеби ќе се ослободам и јас.
Ќе се ослободам од љубовта кон тебе.
Ќе си речам и себеси еден ден така:
„Еве, те ослободувам, уживај.“
Марија Лозаноска
7.8.2015, петок