Танцувај додека можеш
Млада девојко, танцувај додека можеш.
Додека нозете те држат, додека не го запознаеш светот суров, додека не слушнеш за вистинските проблеми.
Млада девојко, и после ќе можеш да танцуваш, ама музиката ќе се стиши, нема да можеш да ја слушнеш. Мислите ќе ти бидат прегласни, од нив ќе оглувиш.
Не ќе можеш да фатиш ритам поради неплатените сметки.
Поради љубоморниот и насилен партнер.
Поради немањето партнер.
Поради децата кои нема кој да ти ги чува.
Поради немањето деца.
Поради изгубената убавина.
Накачените килограми, премалкуте килограми, појавените брчки, несредената коса, застарената облека.
Заради изгубената радост.
Млада девојко, смеј се додека не ти ги кажат лошите вести како функционира светот. Истанцувај и помисли на сето ова.
Млада девојко, знам дека сега изгледа сè прелесно, и те молам внимавај да не ти биде сè претешко.
Истанцувај и биди дама.
Нарадувај се и биди паметна.
Смеј се и почесто сликај се.
Млада девојко, ќе можеш и до вечност да танцуваш. И ќе бидеш среќница доколку тоа го правиш и понатаму.
Ако успееш да бидеш среќна во секоја доба.
И да танцуваш како никој да не те гледа.
Моја дамо, подиумот не бара да си убава и млада, со платени сметки и со совршен партнер.
Подиумот бара да си го стишиш умот.
Само тоа.
Работи на себе.
Имаме толку многу музика на која треба да танцуваме.
Марија Лозаноска,
27.7.2022, четврток