Ти не си настаните во твојот живот
Ти не си настаните во твојот живот.
Ти не си дипломата што ја имаш и дипломата што ја немаш.
Ти не си ни облеката, имотот, пријателите, партнерот, децата.
Ти не си родителите и останатото семејство.
Ти не си педигрето и фамилијарното име.
Ти не си твојот изглед.
Сето тоа се избори, настани, затекнати луѓе каде што си се родил.
Тебе те насочиле сите тие и те насочуваат оние кои понатаму ќе ги сретнеш.
Ти си ти.
Ти со твојот карактер ги стекнуваш пријателите и непријателите.
Ти со твојата душа ги привлекуваш љубовите.
Ти со своите одлуки ги создаваш настаните.
И не можеше да знаеш, затоа згреши.
И сето тоа не те дефинира.
Тоа во минатото нема и не мора да се повтори.
Иднината не се случила.
Сега само си во недоумица, а знаеш кој си.
Луѓето во светот се премислуваат, се селат, напуштаат, дури и менуваат и име. Менуваат професија, религија, националност.
Почнуваат одново и најчесто никој не ги прашува.
Менуваат изглед и дури и никој не ги препознава.
Утре може сè да се смени.
Ти ќе останеш истиот.
Само со лекција и желби плус.
А, луѓето си одат.
Ни тие не нè дефинираат.
Марија Лозаноска
18.4.2023, вторник