Недокупеното време
Познавам луѓе убијци. Убијци на времето. „Еј, тепам време, што да правам?“ Па ќе се ожалостам. Ќе си погледнам на часовникот и ќе видам како моето време ме убива мене. Ме гази како да е џин, а јас најситната мравка. Тогаш ќе си помислам колку сум јас мала за моето време. Поминува, а јас уште не ги постигнав посакуваните желби. Размислував секогаш во идно време без да помислам на сегашнота.
И во никој случај, велам во најникој, не помислував да го убивам.
Тоа толку ми треба.
Времето ме научи да созреам. Ме научи во оние моменти кога другите ме газеа со нивното самољубие и желба за надменост. Исто како што тоа ме гази сега. Изгледа во тие моменти ми велеше: „Ако дозволиш другите сега да те газат, јас ќе те дозгазам во иднина, кога предоцна ќе се сетиш.“ И навистина беше така. Предоцна ми текна дека додека сум дозволувала да ме газат другите, сум можела да си ја кренам главата и гордо да си го сработам своето и да учам на сопствените грешки. Сум се плашела дека ќе погрешам и не сум сфаќала дека токму тие грешки ќе ме научат. Сум гледала секогаш во туѓиот лажен сјај на успехот од самобендисаните и самопрогласените. Затоа што вистинските успеани луѓе нема да дозволат да се почувствуваш подгазен. Тие ќе те инспирираат и водат. Ќе направат да се чувствуваш мотивиран, ќе бидеш исполнет со убави чувства.
Но, не - дозволував да бидам згазена.
И сега времето ми враќа.
Со текот на времето почнав да собирам пари. За да си купам време. Одев од пазар до пазар за да го најдам. Со стиснатите пари во себе прашував по продавачите: „На која тезга се продава времето?“ Никој не ми одговараше, не знаеја што барам. Тие изгледаа дури и како да имаат премногу време. Можеби не беа свесни, како што јас не бев. Си велев во себе дека кај да е, и тие ќе почнат да го бараат продавачот на времето. Ме прашуваа зошто го барам, зошто ми е толку многу време. Јас горда, со дебелата готовина на пари во рацете, им раскажував како ми е потребно за да ги досработам сите мои неостварени желби, дека многу доцна сум се сетила да почнам. Почнаа да ме прашуваат од каде имам толку пари. „Од работата.“, им велев. „По цели денови работам, имам многу пари, па да си докупам време за да заработам уште повеќе.“
Наеднаш една жена ми пријде: „Јас мислев го бараш времето за да бидеш повеќе со блиските.“
Тогаш времето како да ми згази в срце.
Ја гушкав готовината пари наместо моите најсакани.
И сфатив дека никогаш времето не можеш да го докупиш.
И дека не се докупува.
Времето ниту се убива ниту се силува.
Бидејќи времето само така ќе те згази.
Ако им се плашиш, ако си неработник, ако премногу работиш, ако премногу размислуваш, ако премногу ти е сеедно.
Времето ќе ти каже кога е доволно, кога треба да почнеш и кога треба да завршиш.
Бидејќи после со ниедни пари не ќе можеш да го докупиш.
Марија Лозаноска,
18.11.2017, сабота