Во потрага по добриот човек
-Докторе, јас сум прелажана.
-Што те излажале? Кој те излажа?
-Велат дека има добри луѓе на светов. Но, нема! Ех, како - кој? Па, сите!
-Дефинирај го „сите“.
-Секој човек од овој свет.
-Сакаш да кажеш дека си ги сретнала сите луѓе на овој свет?
-Не, но... Неколкумина ми кажале дека има добри луѓе и сите ме излажале.
-На овој свет има премногу луѓе за да кажеш дека сите што ги знаеш ти се доволни во твојот живот. Не го ограничувај зборот „сите“ на оние луѓе што си ги сретнала во него.
-Ја немам таа среќа да ги сретнам вистински сите луѓе на овој свет.
-Никој ја нема. Ни јас ни оние ни па Кралицата на Англија. Никој не знае секого.
-Па, од каде да знам дека има добри луѓе на светов?
-Верувај, надевај се, чувствувај.
-Тоа нема да ми помогне.
-Верувај дека помага.
-Како знаеш?
-Најпрво, верувам дека сум добра личност. Те сослушувам и ти е полесно.
-Тоа е друго, ти си доктор.
-Не е друго. И јас сум човек. Јас верував.
-Кога веруваше?
-Кога не бев доктор. Верував дека еден ден ќе правам добро и на лоши луѓе.
-Тогаш, ќе верувам дека ти си првиот добар човек што го знам.
-Не, најпрво верувај дека ти си добар човек на овој свет, не смееш да се потпреш на тоа дека јас само добро ќе ти правам. Некогаш можам да згрешам, а ти пак ќе мислиш дека не сум добар човек.
-Тогаш како да верувам дека има добри луѓе?
-Тргни од себе. Биди добра. Потсети се дека уште неколку има такви како тебе. И тоа се токму тие што можеби никогаш нема да ги сретнеш...
Марија Лозаноска,
извадок од романот Другата