Дали Ѕверот е ѕвер ако солза покаже?
„...Пропуштениот авион или пропуштената шанса ?! Погледот од високо гледајќи преку облото прозорче или чувството на височина пред другите?!
Тоа размислував во авионот на патот кон дома.
Сепак, авиони има насекаде. Дури и оние што летаат над тебе, кај и да е: ќе се приземјат. Ако не тој, ќе го фатиш следниот возен ред. Ако немаш пари за билет денес, утре можеби ќе добиеш на Бинго и ете ти пари за посакуваниот висински адреналин!
Но, тоа што ми ја кинеше душата е што не знаев дали пак ќе го доловам моментот од вчера, дали луѓето ќе ме заборавеа, иако јас нив не, дали ќе ме замразеа, иако јас сум ги засакала... Дали да жалев поради свесно пуштените шанси надевајќи се дека и утре ќе ги има, а длабоко во себе знаев дека утре можеби нема ни да се сеќавам дека токму тие ми биле потребни... Но, јас бев таква: за брзо време ми здодејуваа работите! Не дека јас живеев таков живот базиран врз тоа: Зграпчи додека можеш! , туку цел живот ми беше базиран врз чувствата, пеперутките во стомакот мораа да бидат нахранети за да летаат и истовремено мене да ме полнат со живост и елан...
Сепак, секогаш можеш да се издигнеш над другите! Која е поентата да те газат?! Да те прошетаат како черга и пред да си заминат: убаво да си ги забришат чевлите протријувајќи се од тебе! Дали да се здружуваш со тагата поради одземената радост или воопшто да не дозволуваш да те допрат длабоко нештата за не бидеш последователно разочаран?! Бев преполна со чувства околу сé и сешто, што поради таа моја возбудливост за нештата се мразев! Луѓето ги чувствував свои, како да сме капки од исто море: можеби во различен облик и големина, но сепак создадени од едно исто...
Никогаш не помислував дека во тоа море не сме сите капки: во него има поголеми нешта наречени Ѕверови, кои не го менуваат својот облик. Она што кај нив се менува е стомакот: полн, па празен, потоа голем, па мал и дејствуваат според тоа дали се сити или гладни. Е, токму тие се супериорните во таа средина. Размислуваат само според апетитот и сите останати се преплашани дека ќе бидат изедени од Големите. Јас повеќе пати се правев Ѕвер, сакав да ги задржувам тие висини над другите. Не дека ме хранеше чувството на сила, туку не сакав да ми виси над глава прикажаната моќ од другите, па со тоа едноставно си правев штит и на некој начин се обидував да го тргнам стравот.
Но, дали се брои дека Ѕверот е ѕвер ако солза покаже!?...
Марија Лозаноска
- извадок од романот Големото Л, 2012