И тебе ќе те преживеам
Толку работи поминаа...
Зошто би било поинаку со тебе?
Веќе не се плашам од животот.
Веќе се навикнав.
Веќе раните не ги ни чувствувам, како да ми сраснале, како да ми се дел од телото.
Толку време си ги негувам што си ги чувствувам како свои.
Толку многу нелуѓе како тебе ми поминале, што не ги ни препознавам како нешто ново.
Туку нешто што постои.
Од кое не треба да се плашам, туку да го прифатам.
Ќе преживеам пак.
Ги оставив сомнежите настрана, дека ќе биде подобро. Не мора да биде. Не мора да биде полошо. Само нека не останува исто, само нека има гужва. Не сакам да бидам сама. Не мора да биде тоа врска. Само не ме оставајте сама... Нека има народ, ќе ги преживеам. Ако, појавувај се, ќе те прифатам. Ќе прифатам дека ме игнорираш, ќе прифатам дека си правиш по свое, ќе прифатам дека уживаш повредувајќи ме, ќе прифатам не почитувајќи ме. Ќе преживеам затоа што ќе прифатам. И нема да му дадам значение туку нешто кое треба да си врви. На нешто што ќе помине. Како настинка на дете, како кашлица на маче. Затоа што колку повеќе нешто игнорирам, толку поголема моќ му давам. Се борам против него и му давам поголема сила, му покажувам страв. Затоа, повеќе не игнорирам. Да, згрешив со тебе, да, ме повреди, да, не сум силна, да, ќе те преживеам. Ќе те прифатам како таков и ти ќе си заминеш.
Затоа што тогаш нема да ти бидам интересна. Можеби и ќе останеш. За да се бориш и ти со мене. Да ја вратиш таа што трчаше по тебе и ти ги лечеше твоите комплекси. Да ја освоиш таа што те правеше машко затоа што ти не знаеше сам да си се направиш маж. Но, таа веќе те прифати како нечовек. За да те преживее. И ќе нема повеќе место за прв впечаток. Нема повеќе место за поправање на грешки затоа што кога ќе ги избришеш новите ти ќе напишеш други. И така во недоглед и така во круг и така во вечност.
Нема да те надживеам туку ќе те преживеам.
Ќе останам, но нема да те живеам.
Ќе те прифатам каков што навистина си без додавање на супермоќи.
Јас сум се заљубила во мојата илузија кон тебе.
Сум се заљубила во лагата од тебе.
Тоа не е вистинско, тоа не е вредно за љубење.
Тоа не е вредно за живеење.
Ќе те преживеам и тебе.
Марија Лозаноска
21.9.2018, петок