Среќо,ти ли го измисли Св. Валентин?
Колаче, мече, срце, винце, среќа, љубов.
Така ми е цела година со тебе!
Кажи ми среќо, дали ти го измисли Св. Валентин?
Дали ти му покажа на светот дека се сака како тебе?
Не ги сакам празниците, среќо, ти тоа го знаеш. Ме тераат да славам, а мене не ми е до веселба. Знаеш дека сакам да славам кога мене ми е добро. А, со тебе така ми е секој ден! Ми покажуваш како треба да се третира една дама, црташ секојдневна насмевка на моето лице, ме чекаш и трпиш цел ден лута, само за да ми ја видиш таа крива црта.
Среќо, јас ли сум твојата принцеза?
Не сум ги сакала деновите на вљубените, на паровите, на саканите. А, тебе те сакам секој ден! Со тебе секој ден ми е празник. Со тебе цело време наздравувам за убавиот живот што ми го покажуваш. Да, со тебе знам како изгледа убавината. Со тебе сѐ е полесно. Со тебе и сонцето е посјајно, и месечината ми е поблиску, а ѕвездите ми се на број. Затоа што ти си мојата ѕвезда, среќо моја.
Се ближи Св. Валентин...
Среќо, дали ти го измисли него?
Дали сите од тебе препишаа како се подарува срце, како се бакнува најслатко и најстрасно, од тебе ли видоа како изгледа најголемата прегратка?
Среќо, со што ли заслужив да те имам?
Што сакаш за Валентин?
Не, не ти давам ништо. На 14. февруари не добиваш ништо од мене! Нема миризливи свеќички, нема винце, нема мече, нема пица во форма на срце, нема чоколатче, нема црвена облека, нема изненадување, нема љубов.
Нема подароци.
Ти не заслужуваш Св. Валентин!
Знаеш зошто, среќо?
Затоа што јас мојот подарок ти го давам цела година.
Ти си моето подарено мече и во лето.
За тебе палам романтика и на дење.
Чоколатче те почестувам и кога си прејаден.
Ти готвам како изненадување.
За тебе се дотерувам иако сум те завела.
Среќо, и понатаму покажувај му на светот како се сака жена.
Не само на празникот.
Преку цела година.
Цел живот, среќо моја.
Марија Лозаноска
13.2.2014, четврток