Сеирот и градот
За за зу.
Нечесто во мал град. Посебно ако не е Њујорк. Без слободните девојки. Модерните. Светските
И заедно со ограничените.
Кај нас не е госип. Кај нас е сеир. И е градче. Начичкано.
Знаете, напамет ја знам серијава. Серијава во градот наш. Она што се случува секојдневно, што се повторува, што за некого е веќе видено, е здодевно, е исфилмувано. Велат: „Во нашето градче немаме кино, ама затоа глумци на сите страни.“ Одбегнувам да сум во првите редови, а секако ќе фатам од филмот. Можеби последна, ама ќе видам нешто. Сигурно и јас во тоа филмувано сум фатила кадар, не дека сум сакала, туку снимателот не си ја гледал работата.
Снимај пред тебе, тоа што вели тој на твоето кафе, снимај и слушај што сака да ти каже!
Не фаќај туѓ сеир.
Далеку од тоа да сме стилот на Кери. Не дај Боже на Саманта! Ние се прикажуваме како Шарлот, така строго воспитани како католички деца, а кариерата ни е божем како таа на Миранда. Далеку сме од нивниот град, ама блиску сме до сеирот. Мислиме дека сме толку блиску до одлуките на другиот и дека ние најдобро знаеме да ги решиме. Ако сме му ги создале проблемите, тогаш ајде и да му ги решиме. Но, чекај, од каде толку време - зарем не сме зафатени решавајќи ги своите? Па, не. Кога се работи за серијата „Сеирот и градот“ одиграна во најблиската средина секогаш имаме време и седнуваме со кафенцето до нас за да гледаме. Мислиш, турска серија е туѓиов живот. Онаа, во ударен термин, во дваесет часот. Се соживуваш, плачеш, се смееш на нивните домашни проблеми, а си надвор од сцената. Си фаќаш сеир. Од серијата.
Од целото градче.
Ма, не сме виновни ние, големиот град е! Големото Јаболко е! Не сум виновна ни јас, ни ти, ни таа, ни тие - што не сме се родиле таму. Односно, што дел од тоа што поседуваат не ни го донесле ваму. Вторава варијанта повеќе ми се допаѓа. Дај ми платичка, пензиичка, К-15, бончиња, парк, па и шаховски центар - ќе видиш колку ќе ни биде убаво да си фаќаме сеир и од овде. Ќе имаме народ, луѓе, младина. И Саманта дури ќе дојде, има да ни ги помине сите локални момци, ама ако, нема да ѝ се лутам. Впрочем, барем ќе знаам дека таа го прави нередот, а не сите прикриени Саманти. Ги има многу, но далеку на њујоршки, на Самантов начин. Ама, не ги обвинувам - нема што да се прави. Барем нека се зафатени со тоа. Нека додадат сцени за новата епизода во „Сеирот и градот“. Инаку серијата ќе пропадне.
А, уште тоа ни остана за гледање.
Сепак си ни е дома. Не може без сеирот. Такви сме по душа - воајери, ѕиркачи. Ако имаме работа, ќе си ја гледаме нашата, а не туѓата. Но, некој нема. Нема фантазија да ја создаде, нема услови - и во ред е. Па, сепак - луѓе сме, да се сфатиме! Нели Кери сакаше да сфати секого? Ох, омилена типка. Јас и премногу ја сфаќав. Посебно кога ќе се изнадотераше. Кога ќе си поставеше прашање на лап-топчето, кога ќе си најдеше нова тема за пишување. И сите ја сфаќаа. Затоа што и таа ги сфаќаше сите, дозволуваше да нема предрасуди, да има слободни мисли, да не ги осудува другите. Но, голем е Њујорк - фрли ја мислата и ќе падне некому на глава, ќе се прошири низ многумина. Фрли ја во малото градче - ќе ти се врати тебе. Ќе ти падне, ќе мора сам да ја собереш. Не ја сака никој твојата идеја.
Ама сите го сакаат твојот Ѕверка.
А, тој - ни далеку од мажиште како Мистер Биг. Но, си е твој. И затоа го сакаат. Дека е поседуван, дека е нечиј. Не е интересен ако е сам. Ни ако е културен и фин. Само да е твој.Но, ни јас Кери, ни тој Ѕверка. Сите Миранди. Лик на Шарлот. Кој-таму со посакувани предиспозиции на Саманта. Колку се може.
Си го сакам за за зу-то. Целиот мој град е таков. Заљубена сум во него, ги сакам луѓето, ме потсетуваат на мојот живот, на растењето. Нека има сеири, камо сите здрави и живи да ги изгледаме. На старост ќе пиеме топла домашна ракиичка. Ќе ги поминеме сите слави. Ќе наздравиме со сеирот. И со градот. А, малиот град е секаде ист. Толку душа, тага, среќа на едно место - па ќе пукне бочвичето ако е мало. И, филмот пука кога е преполнет.
Но, си се снима. И ќе се снима.
Сѐ додека има Град ќе има и Сеир.
Марија Лозаноска
4.11.2013, понеделник