Го изгубив упатството за преболување
Време било потребно.
Друг бил потребен.
Ќе си го најдеш, велеа, ќе биде лесно, велеа.
Помина време, други најдов.
Ниту преболев ниту беше лесно.
Да не згрешив нешто, да не не правам нешто како што треба?
Ги следам упатствата, но некаде ставам погрешна доза.
Или пак се давам премногу.
Сакам да помине времето побрзо. Она што ми треба за да преболам. Таква била човечката психологија, но некогаш се чувствувам како натчовек. Ако треба одреден период, мене ми треба двојно од него. Колку време е тоа, како да се организирам во него, што да направам за да бидам како другите? Не сум им ѕирнала во животите, но изгледа како само јас да стојам в место. Карванот поминува, кучињата лаат. Јас сум кучето, но си лаам во себе. Дајте ми малку од среќата, ми треба за да зацелам!
И мене ми дадоа упатство, но го изгубив.
Извинете ако премногу прашувам.
Многу сакав да го преболам, уште другиот ден. Да си продолжам таа што бев, но и тоа го заборавив. Сосема се изгубив. Им се извинувам на другите додека чекам да ми се извинат мене. Не знам како да си го побарам упатството назад, а кога ќе го најдам не знам како да го искористам. Глупава, неумешна, проста! Луѓето продолжуваат со животот, само ти не знаеш како! Се извинувам, не умеам.
Виновна сум и ќе си признаам.
Виновна сум што поседувам големо срце.
Што не можам да си го исцедам колку и да се трудам.
Виновна сум што на еден му го дадов целото и не му дозволив друг да влезе.
Се борам со него, го чистам, но пак остануваат трошки, цели парчиња од љубовта.
Можеби во упатството имаше насоки и за тоа.
Виновна сум што само љубовта ја зачував, а другите резерви ги фрлив.
Виновна сум што научив да сакам, а не требаше.
Не поминувајте покрај мене вие што зацеливте. Вие што си имате цела архива на упатства за животот. Јас кога љубам се губам, извинете. Ги фрлам сите документи што одат против оние чувства што ги поседувам тогаш. Тогаш верувам дека и тие сакаат како мене и дека и тие го фрлиле упатството. Но, не било љубов ако животот го средуваш под конец. Не си ми бил човек ако брзо си ме заборавил.
Одминете ме, сама ќе си го најдам упатството, вие погрешното ми го давате.
Ќе почекам времето да ми каже што треба да направам.
Макар било и предолго.
Тоа било знак дека и премногу си љубела.
Ќе оставам срцето да ми се испразни за пак да го наполнам.
Ќе почекам вистинскиот човек да ме врати на таа што сум била.
Макар тоа сум била само јас.
Затоа што, ако досега не сум го нашла упатството, тоа е затоа што можеби не постои.
Вистинскиот живот нема правила, вистинската љубов остава преболувања.
Се извинувам, но ќе почекам да ми помине.
Можеби вашата љубов и не била како мојата.
Марија Лозаноска
12.6.2016, недела