На истото место, без истите луѓе
Вчерашната иднина не беше ваква. Денес требаше да бидам со тие што ги сакам, со исполнетите планови што ги имав, со ведрото небо над нас.
Вчера не го замислував денес ваков.
Вчера беше убаво, денес не е исто. Денес којзнае за кого е подобро. Којзнае кому ова попладне му го исполнил сонот.
Но, не и мене.
Ја немам истата среќа од вчера.
Којзнае на што сум нагазила, би рекле старите. Дали црната мачка си го направила своето, дали очите од некојси чуден човек ме дофатиле, или само песимизмот ме зграбил како и секој тажен човек. Но, знам, ниедна гатачка немаше да ми каже, а јас да ѝ верувам дека денес ќе биде вака. Затоа што вчерашната средба ја замислував за навек, сработеното имаше свој успех. Јас и денес планирав да бидам среќна. Планирав на истото место и со истите луѓе да си го испиеме горкото кафе и да си го кажеме благиот збор. Да го продолжиме муабетот од вчера. Да си ја доотвориме душата.
Да се договориме каде вечер, каде за Нова, каде на лето.
Кој на чија свадба ќе биде кум.
Јас и него планиравме земачка, а таа деверица.
Поканета цел ден, со тиркизна боја на фустан.
Која песна ќе ја порачавме.
Дека од радост ќе плачевме.
Ако воопшто се земевме.
Со истите луѓе планиравме нови работи. Скоро на истите места. Толку и ги има. И денес ги има. Само што изгледаат помали, потесни, позадушливи. Сега веќе им го забележувам секој агол, секоја слика, секој стол. Тогаш бев со оние што ги сакам, сликите на ѕидот беа украс од нивните зборови, јас бев во виртуелната соба од нашиот разговор, ги немаше ладните ѕидови од таа просторија. Материјалното околу себе не го ни забележував. Не ми беше ни важно ако ми донесеа ладен пијалак, јас се затоплував од нивната смеа.
И, тешко е.
Се присетувам на тогашното време, на истите луѓе што сега ги нема.
Ги нема до мене, на истото место. Со сличен повод собрани.
Начесто се чувствувам како да сум изгубила мобилен телефон. Оној, со сите опции. Со преполна меморија. Со слики, музика, видеа, пораки, повици, контакти... Да, не ми е до апаратот, туку до работите во него.
Не ми е до човекот, туку до спомените со него.
Можеби сум замислувала иднина со погрешни. Сум се смеела со нив лажно. Или едноставно годините, времето си го направиле своето. Далечниот простор, различните интереси, разминувањата. Никој не ги убива спомените освен човекот.
Јас не сум убиец, нема ни да бидам.
Убаво си беше.
Ќе биде поубаво. Попосле, утре, цела година. Ќе има места, ќе има луѓе, ќе има свадби. Гатачката може знае со кои, ама нека си молчи. Мачките нека не поминуваат, лошите луѓе нека не погледнуваат. Утрешната иднина мора и треба да биде поубава.
Затоа што постојат луѓе кои никогаш не си одат од нас.
Исти луѓе кои нема да дозволат да ме потсетува и растажува нашето исто место.
Со нив животот ќе ми биде среќен каде и да сум. Секогаш.
Со истите луѓе, без истите места.
Марија Лозаноска
27.11.2013, среда