Трпи кога си добар
Трпи си и ќути си.
Сакај ги и моли ги.
Молчи, а тие нека живеат.
Туку, ти со животот до каде си?
Не знам повеќе дали добрината е доблест. Во последно е маана. Не добивам ништо. А, давам многу. Нудам претерано. Светот како да зависи само од мене. Како јас да сум последната која уште не дала добрина кон другиот. Како само од мене да зависи спасот на светот во овој ден денешен, според тоа дали некому денес дадов совет, му го подобрив расположението или му понудив рамо за плачење.
Не е така. Јас му ги давам двете рама за топење, двете раце за помагање.
Но, како да сум единствената.
Тогаш, трпи кога си добар!
Никој повеќе не вели фала за ништо. Наместо тоа, си имаат припремено сервис од ножеви. В грб ти ги складираат. Пред нос те лажат, а тебе ти расте. На крај ти ќе си Пинокио.А, јас пак, уморна сум од овој свет. Уморна сум постојано да се докажувам и покажувам, а никаде нема признание за добрина, упорност, талент, напорна работа. Никаде нема правило дека тој што го сакаш ќе ти врати барем со почит. Уморна сум од гледање уморни лица, оние слични на мене. Уморни се и тие гледајќи ме мене. Уморни сме од уморот. Тешејќи се меѓусебе.
И се само заради едно - си трпиме од добрина.
Наместо да трпиме лавина од бакнежи.
Успеси од најмили.
Вечни пролети.
Верни љубови.
Тогаш ќе сакам да го истрпам животот. Ако знам дека доброто со добро се враќа, тогаш ќе почекам додека сите зла да стивнат. Ќе почекам славата да им помине, парите да ги потрошат, алчноста да ја задоволат, љубомората да ја совладаат, зависта да ја пренасочат. Меракот да им помине.
Љубовта да ја сфатат.
Па, да не се жалам што трпам од добрина.
Дотогаш - трпи си и ќути си.
Сакај ги и моли ги.
Молчи, а тие нека живеат.
Марија Лозаноска
9.4.2014, среда