Совршено сум несовршена
Никогаш не ми пришол совршениот.
Никогаш ни јас не сум му пришла нему.
Не се приближале мислејќи дека сум совршена.
А, јас - и тоа како сум таква.
Совршено сум несовршена.

Знам совршено да изглумам дека сум совршена. Да ги разберам совршено сите, само нив да им е добро. Можам совршено да се насмевнам, а да си плачам во душичкава. Совршено знам да кажам дека не ми е гајле, а проклето да ми е.
Поседувам совршени човечки грешки.
Совршено грешам кога љубам. Знам да му се подадам тогаш кога тој ќе олади. Да верувам совршено во неговите несовршени лаги. Тогаш знам да бидам совршено глупава. Кога сите гледаат како тој ме игнорира, јас знам да дадам милион совршени изговори зошто тоа го прави. Совршено ја одбирам губитничката страна од неговата игра. Му се јавувам тогаш кога не крева, го бакнувам тогаш кога не сака, го барам тогаш кога не му требам. Тука сум секогаш кога самува.
Совршено знам да оплескам.
Цел живот си ја усовршувам среќата. Огледалото ми кажува како таа изгледа. Совршено ја наоѓам облеката која ги покрива моите несовршености и ги лечи моите комплекси. Ја крева мојата самодоверба до совршено ниво. Знам кој кармин ми ги отвора очите, кои трепки можат да го измамат за да погледне, која боја на коса ми одговара со тенот, која насмевка одговара со ситуацијата. Можам да бидам која сакам актерка, да ја имам која сакам совршеност.
Но, никако, велам никако - никој не може да ја има мојата несовршеност.
Неа можам да ја одиграм само јас.
А, се дотерувам за да личам на останатиот свет.
Лажам затоа што денес само така сите се разбираат.
Плачам од мода.
Љубам несовршено пред сите.
Што да правам - таква е совршеноста денес.
И, не ми се допаѓа. Сакам некогаш да викнам од под покривката на совршеноста. Да се расплачам како мало дете. Да го тргнам притисокот од совршениот свет. Тесно ми е од нормите, од новите модели на фустани, од тешките шминки. Денес не е модерно природното, денес си најубава во совршената шминка. Во добро одбраните зборови, емоции и одговори. Во совршено одбраниот партнер. Во исфилмуваното запросување, во бракот со патување, во имањето деца кои учат во платени школи.
Во имањето пари.
Пари, пари и пари.
Што ли тогаш ми е вистински совршено? Моето семејство што е тука, здравјенцето, мојата не-расипана и совршено глупава љубов. Пријателите кои за мене се совршени.
Тоа што совршено сум го сфатила животот.
Што се занимавам со мојов каков-таков живот, а не со туѓиот.
Совршена несовршеност имам.
И, е моја.
Само моја.

Бидејќи само јас знам совршено да живеам со мојата несовршеност.
А, совршениот ќе ми се приближи.
Совршениот за мене, не за сите.
Совршено несовршен за мојата несовршеност.

Марија Лозаноска
29.11.2013, петок