Како постанав твоевина
-Ќе одам со другарите.
-Добро.
-Не ме чекај, ќе отидеме и до клубот.
-Во ред.
-А, ме сакаш? Ќе ме чекаш?
-Да, мил мој, те сакам и ќе те чекам.
Секогаш беше така. „Небото е зелено!- Да, миличок, зелено е.“ Не знам како навлегов во тој круг. Тој се вртеше и вртеше, а јас стоев в место. Односно, цел свет одеше напред, тој заедно со него, а само јас не се помрднував. Дури ни наназад. Ме ставаше во шише од наредби. Во затворено стакло преку кое гледав како пролетта доаѓа, а јас да не можам ни да ја намирисам ниту да претрчам низ новата трева.
Страв ми беше. Дека ќе останам без него. Се потиснував во одбраното. Јас одбрав таков живот. Велев; „Нека, барем тој е до мене.“ Но, никогаш не беше до мене. Јас ни го имав, ни го пуштав.
Тој ме имаше мене.
Јас му бев имовина.
-Ти си моевина!
-Да, најдраги, јас сум твоевина.
Немав ништо, а сакав да имам се со него. Свесно се однесував дека сакам мир во куќата, а таа и тоа како ја немаше. Сакав да кажам што ми пречи, па да се искараме како секој нормален пар. Да се испратиме до најбезобразното место. Да се изнавредиме како да нема да се видиме никогаш. Да си тресниме врата, телефон, да ја промешаме цела фамилија, соседи и поранешни.
Но, јас знаев дека ќе го изгубам.
Зошто?
Бидејќи тој никогаш не ми рече ТЕ САКАМ.
Чекав да дојде тој ден. Не доаѓаше. Не знам кој беше посебичен: тој или јас. Улогата на господар си ја стави без никаков напор. Бев негов имот и си правеше со мене што си сакаше. Секогаш имаше топла прегратка кога беше исфрлен од светот. Се истураше врз мене кога не смееше врз другите. Ми се враќаше кога секоја го одбиваше.
Но, јас бев таа која беше најсебична.
Најсебична кон себеси.
Не се пуштав.
Тој само си користеше.
И кога ќе постанеш нечиј посед, ќе те продаде. Пред тоа ќе те господарува. Ќе ти става цена. Ќе те фали пред други, а не те сака за себе.
Еден ден тој беше поинаков. Не знам поради која причина, можеби беше кршлив. Сакаше да смени нешто во секојдневието. Да каже нешто што никогаш не го кажал.
-Девојко моја, те сакам.
Првпат го слушнав тоа од него
Звучеше одвратно.
Тогаш сфатив што сум чекала. Едно големо НИШТО. Сфатив дека не сум чекала зборови, туку љубов од него кон мене. Кога ги слушнав како излегуваат од неговата уста, увидов дека немаат значење кога се од него. Моќта ја имаат само кога се кажуваат од човек кој знае да љуби.
-Ти благодарам. Помирна сум откако знам дека си научил нов збор. Сега научи го чувството.
Од тој момент јас бев продадена конечно, тој немаше повеќе имовина. Ме немаше мене.
Таа неговина се преплати.
Но, отиде кај вистинскиот купец.
Јас си се купив.
Сега сум само моевина.
Марија Лозаноска
28.5.2014, среда