Девојката што ја чекав
Не сум фрлач на топки. Не ги бркам, за после да ги шутнам. По душа сум како рагби играчите, но без да сакам да постигнам погодок, без да сакам да ја фрлам на целното поле за да постигнам тачдаун. Сакам да ја фатам кога некој друг ќе ја фрли и да избегам далеку од сите за да не ми ја земат. Макар ме сопнувале, макар се качиле врз мене, макар останал без здив. Сакам да ја чувам во својата прегратка цел живот.
Но, не смеам. Овде ние сакаме вистински фудбал. Овде животот ми налага други правила, не смеам ни да ја допрам со рака, камо ли да ја прегрнам, бидејќи ќе ми следува најголемата казна. Ќе можат да ми ја земат.
А, не сакам.
Можеби и затоа сум секогаш погрешно сфатен. Ме гледаат како еден шутирач на она кое го посакувам. Дека по своја вина го туркам од себе кога ќе дојде најблиску.
Девојките не се топки. Тоа не им го правам ним.
Затоа, таа што ја чекав, ова ќе ѝ го кажам.
Тогаш кога ќе дојде, ова ќе ѝ го признаам за да ја задржам.
Таа што ја чекав, во меѓувреме дојде. Шутирав и ме шутираа, но секогаш онаму каде што треба. Дојде онаа која нема правила, онаа која игра со бесправилото на срцето. Ја земаш в раце, ја чуваш, не ја даваш никому, а оние кои ќе сакаат да ти ја одземат се прекршители, за нив се воведува казна. Јас ќе изгубам во таа игра само ако ја испуштам. Но, со неа не сакам да играм затоа што другите така сакаат, не сакам покрај неа да бидам тој голем играч со најмногу постигнати поени. Со неа сакам да бидам бидејќи таа не е игра, бидејќи таа е животната топка која ја чекав.
Онаа топка која никогаш нема ни да посакам да ја шутнам.
Затоа, таа што ја чекав ова ќе ѝ го кажам:
-Погледни ме, јас сум тој.
Погледни се, ти си тука.
Погледни, ти си девојката што ја чекав.
Марија Лозаноска
14.11.2014, петок