Болиш кога молчиш, телефону
Телефонот молчи.
Престани да молчиш!
Колку убави вести ми донесе, а сега молчиш. Ме жалиш? Ме сожалуваш? Не, ме понижуваш. Ме правиш мизерна, невредна, несакана. Никогаш сакана. Зошто воопшто беше гласен кога тој ме бараше? Зошто тогаш него не го правеше мизерен и со твојата пријателка секретарка да му речевте претлатникот е недостапен во моментот. Зошто не го направи тоа кога знаеше дека кога-тогаш ќе молчиш? Боли, апарату, боли. Подобро да не постоиш. Ни за добро ни за лошо. Исчезни заедно со секакво чувство. Не сакам да сакам, па да ме боли. Не ми пренесувај ни љубов ни тага. Болат и двете. Претерано.
Зошто не го промени бројот кога му го дадов нему? Паметен си, знаеш дека вака ќе заврши. Или паметен си за секакви игри, за запишувања и примања секакви повици, а не си паметен да ме спречиш да не ѕвонам, не си паметен да ми ја покажеш негавата игра, туку само твојата. Боли, апарату, боли. Боли толку колку што вредеше секоја порака за добра ноќ и добро утро. Сега, телефону, не сакам да ми биде мирна ноќта и среќно утрото? Не, сега не сум човек, не, сега немам срце, не, сега божем не сакам. Сакам, роботу, сакам! И со поткршено срце сакам! И едно делче да остане од него ќе сакам. Пак ќе сакам да ми се јави, пак ќе сакам дури и да ми вика по телефон. Молчиш, телефону, не си фер. Биди паметен и кажи ми зошто не ѕвони и зошто не крева. Кажи ми дали спие или го заборавил неговиот дома. Кажи ми дали е само лут или повеќе не ме сака. Не си толку паметен, не си ми го кажал ова никогаш, туку само молчиш. Направи потсетник дека не треба толку да се грижам и толку да сакам кога е време. Кажи со време, кажи навреме. Не ме потсетувај со молчење, тогаш најмногу боли.
Боли кога молчиш, боли кога тој молчи.
Боли кога љубовта не се јавува.
Не молчете.
Или јавувајте се или никогаш не се појавувајте.
Боли, многу боли.
Марија Лозаноска
15.5.2015, петок