Убава си кога си прифатена
Убавино моја, не си убава каде твоите чекори не треба да чекорат.
Знаеш дека на секое цвеќе му треба своето место.
Некои се прекрасни со сонце, некои во најдлабоката сенка.
И не значи дека едното е погрдо од другото, само имаат различни потреби.
Кога ќе се почувствуваш помалку убава, само спомни си дека тоа не е твоето место.
Не те разбираат, не те догледуваат, не те дослушуваат.
И дека нема да бидеш тука уште долго.
Убава моја, убавината е онаа надвор и онаа внатре. Таа однадвор зависи од таа одвнатре.
Многу убави лица кријат лош ден.
Лош живот.
Лошо однесување.
А, ти си убава.
Затоа што не се задржуваш на места кои те прават помалку од тоа.
Марија Лозаноска
31.7.2022, недела