Проклето те нема
Ќе погледнам начесто кон луѓето.
Чиниш најсреќни се.
Ќе погледнам потем в себе.
Чиниш најсреќна само еднаш бев.
А, бев, и тоа многу.
Онолку колку што ми изгледаат луѓето дека се сега.
Мислев дека љубов еднаш ти се случува.
И уште мислам.
Никогаш повторена, никогаш исто доживеана.
И колку и да кажувам и велам - тебе те нема.
Проклето.
Многу.
Неповратно.
Непреболно.
Те нема.
Камо да го вратев тој ден. Но, не се враќа. Несреќата е запишана, знам. Исто како и среќата. Или ти се случува или не. Некои ти се доделуваат како награда во животов, некои ти се одземаат заради нечија казна. Се мислев: зошто јас да сум казнета? Јас љубев како никој, давав како да е последно, милував како што милува срце вљубено. Внимавав на зборови, на постапки, на вниманија. Зарем плаќаме нечија туѓа казна? Си се тешам со размисли, а знам дека ништо не менува.
Нешто проклето се случи.
Тебе те нема.
Така било запишано.
Пробав да си го откорнам срцево. Да се исплачам до снемување. Да заминам таму каде што си, но не бидува така. Не се умира со умрениот, не се живее туѓ живот. Се носиш со болката и учиш да си посилен. Велеа дека сум млада, дека ќе преболам, ќе зацелам, ќе заборавам. Но, како кога тој ми беше младоста? Како кога со него ја гледав иднината? Која иднина сега да ја запишам врз уништен материјал врз кој се запишуваат желбите? Страв ми е да сонувам, страв ми е дека среќа не заслужувам, дека мојата еднаш ја искористив.
Толку проклето ме заболе.
Само затоа што те снема.
Само затоа што те мислев си ми се' за наеднаш да си ништо.
Ќе поминат години. Ќе поминат луѓе секакви. Некои ќе бидат налик тебе, а за некои ќе велам дека ти така не правеше, дека ти подобро ќе постапеше. Ќе си замислам желби и за момент ќе те ставам во нив, ќе подзаборавам. Така правев, не знам како ќе престанам. Уживав да те делам со иднината, а отсега ќе те зборувам само во минато.
Проклето ќе те спомнам, проклето ќе проголтам солзи.
Ќе го чекам денот кога ќе се сетам на тебе со насмевка, сега само боли, не можам.
Ќе го чекам денот кога ќе сфатам зошто ова ми се случи мене, зошто тебе.
Зошто да се претворам во најсилна, кога со тебе можев да бидам само најљубена.
Ќе чекам да се појават оние очи со сјајот твој.
Бидејќи ти постоеше и ќе постоиш пак.
Таков не заминува, таков повторно се раѓа.
Дотогаш ќе ме болиш бидејќи толку проклето те нема...
Марија Лозаноска
20.7.2017, четврток