Многу работи не ти кажав
Отсекогаш те сметав за совршениот.
Оној кој ми ги сфаќа чудните идеи, што ми се смее на црниот хумор, што не се навредува од мојот однос кон луѓето.
Кој ми ја разбира иднината, минатото и зошто ми е ваква сегашноста.
Отсекогаш те сметав за предобар човек со огромно срце.
Но, никогаш ова не ти го кажав.
Знаеш ли зошто, совршенство мое? Страв ми е, се исплашив. Пред мене стоиш ти, човекот кому се дивам, и наеднаш се гледам како треперам од страв како да стојам пред својот џелат. Да, ти ја заслужуваш целата среќа на овој свет и целата љубов моја.
Но, јас сум исплашена.
И порано мислев дека сум го нашла совршениот, но очигледно сум згрешила. Да бев во право, денес ќе бев со него. Но, што знаев тогаш. Помлада, поглупава, не знаев што сакам, ама затоа со храброст цела планина. Мислиш целиот универзум сум го скроила по мерка. Но, универзумот не е глупав. Тој не ми го дава тоа што сакам, ми го носи она што го заслужувам. Дали тебе те заслужувам? Зарем, покрај се', заслужувам еден таков како тебе? Универзумот може ме преценил.
Или само јас сум се потценила.
Многупати сакав да ти кажам дека не си како другите. Одлучив дека не треба. Ти мислиш дека си како другите затоа што не ти кажав. Мислиш дека си обичен, а за мене само тоа не си. И така во круг. Не ти кажав дека секојпат потонувам во твоите очи и дека се прашувам дали нашата ќерка ќе ги наследи нив. Да, тоа ме плаши. Што ни те знам ни те познавам, а веќе си скроив иднина со тебе. Ќе имаме прво девојче, па момче. Или што било, да се здрави и живи. Од овој муабет знам дека ќе се исплашиш. Затоа и ништо не ти кажувам. Ох, кого залажувам... Јас сум исплашена и од едно здраво, а камо ли за сите мои страшни и налудничави работи што мојата глава ги смислува.
Можеби сум само малото девојче кое сонува дска ќе си го најде принцот кој ќе се однесува како кон принцеза кон неа. Но, овојпат тоа не се состои во замоци и богатства, туку во почитта, големата душа и разбирањето. И, поради болките од претходно, сум замислила дека грев е да мечтаеш како дете, дека е глупаво да сакаш како дете. Изгледа храброста си ја потрошив во минатото на непотребни, па сега сум го гушнала стравот затоа што таа ми донела само трауми, па посигурно ми е вака. Во тишината си се тешам дека коцките ќе си се наредат сами и дека најдобро е да молчам за да преживеам. Не сум дете, но сум исплашена како дете. Толку ми е страв да те сакам што бегам од тебе како од симпатијата од детството. Дали стравот ме направи да се однесувам детски?
Не верувам дека имаш одговор затоа што ништо не ти кажувам.
Не знам дали вреди.
Ќе помине време, можеби стравот ќе си замине.
Но, ако стравот замине, којзнае што по него ќе дојде.
Или љубовта ќе дојде или рамнодушноста.
Многу работи не ти кажав.
Но, многу работи ти покажав.
Работи што ниеден збор нема да ги објасни.
Марија Лозаноска,
26.5.2019, недела