Молчи, не ми говори за љубов!
Тоа е она што те боли кога го немаш?
Го имаш, а не знаеш што е?
Го имаш, па го немаш?
Го немаш, го немаш, па го немаш.
Она што од здрав-прав те создава лудак.
Среќен лудак што мисли дека има сѐ.
Лажно сѐ.
Немој, не ми спомнувај!
Молчи, не говори за љубов.
Знаеш, љубовнику, еднаш бев среќна. Ти пречи ако те викам така? Мене не. Затоа што тоа и си. Дојден си овде да слушаш за љубов. Да споделиш мислење. Дури и тогаш кога ти викаат да молчиш за неа. Па, така и јас, љубовнику. Ми велеа да не љубам, да не се заљубувам, дека не чини, но еве како тебе - постанував љубовница. Ох, не, не. Не втора виолина. Љубовница - именка која извршува љубов.
Која со тек на време постанува заменка.
Убаво ми беше. Лежев на постела од спуштени ѕвезди, по некоја месечинка и милиони розевкасти и слично нијансирани зборови. Чиниш, светот ми го ставија на дланка. Но, кој да знаеше дека нема само еден свет. Дека ќе бидам заробена само во тој на заљубените будалчиња кои не погледнуваат околу себе. Не говорам за среќната љубов, љубовнику, затоа те молам да молчиш.
Говорам за онаа во која љуби само еден.
А, тоа не е љубов, така љубовнику?
Затоа молчи, и не ми говори за љубов.
Знаеш, љубовнику, тогаш кога бев среќна, многу давав. Му го давав и последното коцкиче чоколадо. Му купував Милки без да одолеам и по пат да ги отворам. Само тој да биде задоволен. Далечинското беше само за него, тој одлучуваше кога да излезе во град, а кога јас. Кога е време за нас, а кога за другарите. Му кажував што најубаво му стои, како да ја носи косата, какви очила да купи. Стоев будна чекајќи го да ми се јави. Цела ноќ.
А, тој?
Милката ја делеше со друга.
И времето исто.
Сум го дотерувала за да привлече туѓи.
Наместо да ми биде најубав мене.
Затоа, љубовнику, не ми говори за љубов, поќути си.
Бидејќи ја одгледував љубовта за други. Го калев, го обликував, за да ѝ биде оформен нејзе. Бидејќи јас бев само една генерална проба пред онаа вистинската. Само пополнување време и простор до мигот кога ќе дојде доживотната. Јас ќе бидам спомнувана само како дел од минатото, во оние кои не ѝ биле слични. Ќе бидам само една поранешна девојка која, ако се дотера, ослабе, разубави или разголи, само тогаш ќе биде интересна.
Или ако тој остане сам.
Затоа, не ми говори за љубов, замолчи.
Замолчи и престани, бидејќи знам колку љубовта боли.
Колку мене знае да ме боли.
Само прегрни ме, љубовнику, и покажи ми ако знаеш како да љубиш.
Но, молчи, затоа што зборовите ми ја убија неа.
Марија Лозаноска
6.5.2014, вторник