Ти никогаш нема да се смениш
И повторно со истиот тој поглед. Демек, ништо не направив, сѐ е во твојата глава. Јас сум била таа што е родена за измислување раскази, сказни и секакви видови творби за деца сосе сликовница. Сум правела филм, сум развивала лента, стари биле моите измислици. Велиш, барем нови да сум смислела. Да не велам постојано и постојано дека се гледаш со други, дека цел град е измерен од тебе, дека знаеш која кому и колку дала, ги знаеш сите женски ликови што јас ни во живот не сум слушнала дека постојат.
Човеку, срам ми е што ме ставаш во ист кош со нив!
Срам ми е да кажам за тебе, затоа што очекувам од секоја да ми рече дека си ја побарал, си ѝ се пуштил, си ѝ се лигавел како дете пред сладоледџилница!
Не знам која сила ме натера да бидам со тебе. Што срце беше моево во ѓубре, во цвеќе вештачко да се заљуби. Зошто, и најтрнливото природно растение, она забаталеното на ќошот од терасата за никој да не го гледа, бара вода. Живее од нечие внимание. Чека да го полееш, да порасне. Ќе те боцне само ако не внимаваш. Па, пак дава знаци на живот, дава резултат на тоа што си се трудел, пораснало. А, јас со тебе не ни знам колку внимавав. Те вардев како студент ливче за препишување, како обезбедување претседател на држава, како судија финален натпревар. Но, ти само статично седеше со твоето пластично срце и фаќаше прашина на чувствата како осмомартовско старо цвеќе за фрлање. Купено од улична тезга, од најевтините. Не се помрдна од твоето ниско ниво, не си го крена стандардот. Никогаш не ти порасна вистинска насмевка на лицето кон мене. Никогаш не видов полеан сјај во очите за да воочам дека барем малку ти значам. Се озаруваше само тогаш кога ќе оплескаш. Како сега.
- Бејб, знаеш ти, цел град ми завидува. Не постигнале ни половина како мене. Седнати на кафе и измислуваат. Да му се плукнам на градот, затоа овде не се живее! Ќе одам странство, не сум јас за овде...
Ме знаат многу луѓе. Сум оставила место. Сум се дружела со сите. Со некои ни здраво не сум рекла. На некои не им се допаѓам, а и не ни мора. Не ни сакам. Но, никогаш не сум слушнала за мене муабети како оние за тебе. Што ли јас погрешно правам за да ми завидуваат барем малку колку што тебе тоа ти го прават? Дали прекратко се поздравувам со моите другари, колеги, школски, соседи и други познаници од машки пол? Дали можеби, како тебе, треба да одвојам цела ноќ за нив? Или можеби сум женско, па не бива да сум озборувана толку колку фраерите како тебе? Знам и многу познанички, кои се исто девојки како мене, па ги бие лош глас. Им мрда опашката, прават работи за кои мене не би ми текнало. И затоа се озборувани. Зошто мене не ми завидуваат на доброто однесување? Што е толку посебно во тебе што ги тера луѓето да ти прават сценарија?
Или можеби огнот си го немаш загаснато.
Чадот ти излегува на сите страни.
Душо, има нешто штом те зацрниле.
Односно, од сопствениот чад си се зацрнил сам.
Од огнот што сам си го палиш.
Сите некогаш си потпалуваме жарчиња, но ако е само едно, ќе си се изгасне само, никој нема ни да го забележи. А, ти само додаваш и додаваш жарје на својот! Пламените не можеш да ги контролираш, ако не од едниот прозорец, од другиот ќе излезат. Низ врата ќе избегаат..
Не ме гледај со тој поглед. Поради него сите ме гледаат со својот сожалувачки. Зошто не те баталам, викаат. Јас си викам. Си се мачам, наместо да одам и да најдам оган кој само за мене ќе гори. Некој кој само за мене ќе го пали. Ќе чади само кон мене, без да гледа некој друг. Другите нека го гледаат само огнот излезен од неговото срце, запален од мојата љубов. И ќе нема да ме гледаат со жал, туку со гордост. Ќе речат: „Браво, е овој го заслужува!“
Некој кој ќе остане истиот, таков каков што е, но ќе биде за нијанса подобар човек поради моето внимание.
Бидејќи добриот човек не може да се смени, тој се раѓа таков.
А, ти, мој вештачки цвету, нема никогаш да се смениш.
Марија Лозаноска
18.2.2014, вторник