Сокол
Сакам да се родам во гнездо соколово.
Зошто?....
Се раѓам во материја густа,
се хранам од мајчина уста,
далеку од Земјата пуста...
Јас немам раце, имам крилја,
но имам таква сила,
за одлет во идила...
Немам раце, имам пердувче бело,
немам прст за да не ставам на чело
за секое промаршено дело...
Со соколов очен сјај
гледам секој Земјен крај
гледам: нигде не е мај...
Со секој свој лет,
јас откинувам свет,
јас сум... посакуван свет!
А, тебе поглед ти шета
кон оваа птица што лета
зошто имаш судбина клета.
Јас имам особини јаки,
ти имаш животни маки,
обоени со црни траки.
Јас сум далеку од тебе
и се радувам в себе
без јадеж да ме гребе...
Сакаш и ти рожба во тоа гнездо?
Не можеш.
Нема лет за тој свет,
нема билет за постанок жилет,
имаш трепет, наместо крепет...
А, надвор... немаш пролет,
зошто немаш негов полет,
само имаш безнадежен почек...
Знаеш зошто имам таква желба?
Не се дели солза од око на сокол.
Таа мечтае исто како мене
со надеж дека од него ќе свене,
пред пад - во воздух да се крене...
Тој е страв за сите,
нема грижа во дните....
А, јас овде творам за птица,
без да погледам во други лица,
без да видам дали сокол си ти,
дали храброст од мене се скри.
Можеби имам сила,
но со пресечени крила...
Знам, имам страв од тие
чија соколова моќ се крие;
знам,
сакам одлет од вистина цела,
сакам побег од Земјава врела.
Марија Лозаноска
-дел од поезијата во романот
„Големото Л“, 2012
Зошто?....
Се раѓам во материја густа,
се хранам од мајчина уста,
далеку од Земјата пуста...
Јас немам раце, имам крилја,
но имам таква сила,
за одлет во идила...
Немам раце, имам пердувче бело,
немам прст за да не ставам на чело
за секое промаршено дело...
Со соколов очен сјај
гледам секој Земјен крај
гледам: нигде не е мај...
Со секој свој лет,
јас откинувам свет,
јас сум... посакуван свет!
А, тебе поглед ти шета
кон оваа птица што лета
зошто имаш судбина клета.
Јас имам особини јаки,
ти имаш животни маки,
обоени со црни траки.
Јас сум далеку од тебе
и се радувам в себе
без јадеж да ме гребе...
Сакаш и ти рожба во тоа гнездо?
Не можеш.
Нема лет за тој свет,
нема билет за постанок жилет,
имаш трепет, наместо крепет...
А, надвор... немаш пролет,
зошто немаш негов полет,
само имаш безнадежен почек...
Знаеш зошто имам таква желба?
Не се дели солза од око на сокол.
Таа мечтае исто како мене
со надеж дека од него ќе свене,
пред пад - во воздух да се крене...
Тој е страв за сите,
нема грижа во дните....
А, јас овде творам за птица,
без да погледам во други лица,
без да видам дали сокол си ти,
дали храброст од мене се скри.
Можеби имам сила,
но со пресечени крила...
Знам, имам страв од тие
чија соколова моќ се крие;
знам,
сакам одлет од вистина цела,
сакам побег од Земјава врела.
Марија Лозаноска
-дел од поезијата во романот
„Големото Л“, 2012