Те нареков Бадник
Уживав со часови да шетам низ градот додека наоколу светилките шарено светкаа, а на елката ѝ се радував како на мало дете. Секогаш ме навраќаше во детството, и во тие моменти, гледајќи ја неа, бев среќна како дете. Не само поради предбожиќниот дух, туку поради среќниот животец што тогаш си го поседував. Бев исполнета бидејќи елката во центарот од градот не ја гледав сама, а топките од снег често беа удирани од некој мој близок. Не ме болеше ни ударот од снежните топки ниту кој било удар од животот.
До мене беше тој, еден и единствен. Мојата новогодишна светлина низ цела година. Ѕвездата на мојата животна елка.
Отсекогаш сакав да се подготвувам за најлудата ноќ во годината.Тогаш постанував јас многу полуда. Наоколу беше сè шарено и светкаво, налик на она што си го носев в душа. Имав радост, имав светлина и бура од среќно светкави моменти. Животот го сакав, а пред Нова година најмногу. За нас секој ден беше празник, не гледавме на календар. Дури и работата не ја чувствувавме како замор, туку како едно хоби во денот за кое одвај чекавме време за да дојде. Саатите поминуваа, времето леташе, мислите ни цветаа, деновите се празнуваа! Тогаш сакав празници, затоа што тогаш го сакав секој ден. Не правев разлика помеѓу сабота и понеделник, утрото се разбудував наспана и покрај малкуте часа во спиење. Животот беше еден голем празник, и си го сакав. Се нарекував празнувач, наоколу им викав на сите да празнуваат!
Декември го сакав најмногу, декември ми го денесе него, декември бев среќна цел живот пред елката, во декември со него си ја китев среќата и си редев љубовни гранчиња врз секој дел од животот. Планиравме дочек, купувавме како луди, бевме среќни од воздухот, се лизгавме на снегот како деца. Планиравме таков живот, планиравме среќа, планиравме празнување!
Но, тој знаеше дека најмногу го сакам Божиќ. Знаеше дека Му се радувам на Христовото раѓање како жеден на вода. Бадниковата вечер ми претставуваше ритуал кој сакав да го споделам со најблиските. Сакав лепчето што го јадам да го делам со тие што ги сакам и да ги гледам тие што ги празнувам. Дотогаш го празнував и него. Ми вети, ќе го чека Божиќ во мојот дом.
Бадник оттогаш, рече, дека ќе ни биде секогаш заедно.
Лепчето не беше поделено на сите. Тој не дојде на Бадник. Неговото остана суво покрај посна трпеза и здравјеносни желби. Не помислував дека среќата може да ти се прекине на оној ден што го сакаш, дека токму на тој ден ќе го посакуваш она што веќе си го имал. Посната трпеза заедно со лепчето ја оставивме за Бога. Не смеев да се лутам, таа вечер е радосна и радосна ќе ми биде. Христос ќе се роди, благослов ќе нè води!
Божиќното утро осамна. Ме разбудија топки снег по мојот прозорец. Станав сонлива не знаејќи што се случува. Погледнав низ прозорец и тој беше таму, покрај една снежна белина. Не знаев за што бев посреќна: поради снегот или него.
-Среќен Божиќ, за многу години!
-За многу години, Христос се роди!
-Навистина се роди!
Наеднаш замина кон предниот влез и немислејќи дека сум по пижами и дека ќе ми биде ладно, и јас се стрчав кон таму. Пред вратата стоеше тој и јасно беше дека се читаме.
-Зошто не дојде на Бадник? Ти чував лепче ти местев паричка, ти чував столче! Зошто?...
-Ти еднаш ми кажа дека Бадник е твојот најомилен празник во годината и дека ја нема таа сила што ќе ти го расипе тој ден. Дали беше тажна? Дали си дозволи да бидеш тажна?
-Не смеев да бидам, му го должам ведриот дух на Бога!
-Знаев, најмила моја, дека ти си тој верник на земјава што не паѓа во искушение. Јас ќе бидам секогаш тука, но не и на Бадник.
-Зошто?
-Секој ден сакај ме мене, а Бог на Бадник, не сакам да го заменувам.
-Тогаш: ќе те наречам Бадник!
Мојата желба се исполни, мојот празник продолжи низ цела година. Не е само на шести јануари, јас го имав Бадник до себе цела година.
Марија Лозаноска
6.1.2017, петок