Исфилман живот
Глумиме нечиј живот, трпиме туѓи постапки. Глумиме дека се сакаме, глумиме дека не се сакаме.
А, кој е режисер?
Кој нѐ ставил актери?
Кој сака да нѐ гледа како се глупираме на животнава сцена?
Го минавме животот во глума, заборавивме како навистина се живее.
Премногу луѓе, а само една сцена.
Кој ќе преживеее ќе прераскажува.
За неа велат дека е глумица. Дека е убава како глумица, дека знае како да се однесува, на себе ги накитила сите тие дамски манири, целото знаење на светот го збрала во себе, сиот народ е насочен кон нејзе.
Таа е глумица, велат. Без да знаат што значи тоа. Без да размислат дали тоа е навредливо. Без да знаат дека навистина мора да глуми. Мора да изглуми дека е среќна - за себе и за другите. Мора да изглуми дека не ја боли кога другите ја етикетираат, мора да изглуми кога луѓето си одат од неа, а внатре в душа ѝ корне.
Таа е глумица, но не знаат зошто.
Некогаш некој знае да ја насмее. Да се почувствува сакана, посакувана, вредна, да се почувствува жива. Само тогаш не глуми. Глуми само кога ќе настапи неубавото. За да не му придава важност, за да не мора да се навикнува на него. А, се навикнува. Додека глуми. Додека глуми дека е среќна, дека е во ред, дека така треба да биде, дека другите не се виновни, да глуми дека ни таа не е виновна. Глуми дека така е запишано, така рекла судбината.
Тешко ѝ е додека глуми, најтешко!
Затоа што таа не го сака тоа, сака да извика на цел глас и да каже колку ѝ е тешко. Сака на сите да им објасни дека треба секој да се сака меѓусебе и да не постојат лошите зборови и дела. Сака да појде кај оние што се однесуваат идиотски и да им рече дека се такви. Сака да им се извини на оние што им згрешила и дека не мислела така. Сака да појде кај оние што ги сака и да ја тргне глумата од нељубов. Тешко е тоа, денешната глума не го дозволува тоа. Мора да глуми за доброто на сите.
Се претворив во глумица.
Затоа што немаше да преживеам.
Затоа што ќе ме наречеа злобница, директна, љубоморна, кривогледна, нељубезна.
А, и тоа е човечка особина, но мора да се крие.
И, кој ни ја стави глумата да се криеме од човечноста?
Само нелуѓето.
Затоа и живееме исфилман живот.
Марија Лозаноска
19.11.2015, четврток