Ќе бев среќна денес ако останевме заедно?
Не знам како ќе изгледаше утрото ако беше ти покрај мене. Може ќе бев пресреќна како кученце покрај најомилениот газда или во плачење како дете без купената играчка. Можеби ќе бевме помудри, позрели, повљубени. Денес сум таква, но дали ќе беше и ти таков?
Се сеќавам како деца се тегневме за уши. Ти за плетенки и каде ќе стигнеше. Глумев лута за да ја прикријам заљубеноста. Кога потпораснав глумев луда за да не бидам несреќна. И не ни знаев дали воопшто ја сфатив љубовта, она парче душа кое му се вдахнува на човекот за да биде цел. Веројатно, да дише заедно со оној другиот. Јас останував без дишењето поради тебе. Ми го земаше целиот воздух, не ми оставаше простор да те сакам. Не ми даваше простор да созреам здраво. Ми даде само празно време во кое пораснав без тебе.
И без да дочекам дали ќе бев денес среќна со тебе.
Поминаа матурски, дипломски, родендени и многу веселби без твојот лик во нив. Не дознав каков си на свадбено оро, дали ќе беше повесел од зетот и дали ќе го игравме валцерот до нив. Не знам на каков начин ќе ме побараше за жена. Дали ќе клекнеше на некој концерт на нашата омилена песна за која не ни дочекавме да ја имаме, или ќе го ставеше прстенот во мојата чаша шампањ. Можеби ќе ни се истуреше виното во ресторанот и ќе се изнасмеевме колку сме трапави, па ќе сфатевме дека ние сме пар за во диско. Или ќе дознаев дека не знаеш да играш и ти пречи гужвата, па ќе одевме само во кафуле. Можеби само ќе позајмевме филм и со пуканки ќе седевме дома. Каде било, само да бевме среќни.
Не е исто низ годините кога на други им соопштуваш за положениот испит или за навредата од колегите. Можеби ќе ме сфатеше, можеби не. Можеби ќе ми речеше ноншалантно дека сум будалче бидејќи се нервирам, или дека сум твојата мала генијалка која само учи. Не ќе знаев колку ќе ме поддржуваш низ животот. Дали ќе беше од оние типови на момци на кои љубовта им е најважна или едноставно последна. Дали си од оние видови на луѓе кои наутро уште нерасонети се јавуваат и навечер сонливи во полусон посакуваат добра ноќ. Не знам дали ќе ме сакаше и денес.
Не знам колку ќе бев среќна ако бевме заедно.
Бидејќи среќата ја посакував, знаеш. Ја посакував за денес, кога ќе ги оставевме детските бубачки и кога ни доаѓаше времето да успееме и остареме заедно. Можеби само јас ќе остарев, а ти внатрешно ќе останеше она исто дете кое го знаев тогаш. Со седа коса. будалесто и незрело. Но, среќно. Можеби низ времето ќе ја имавме мојата стабилност и твојата детска среќа. Можеби ќе созрееше со мене. Но, можеби и не.
Веројатно, еден ден, ќе дознаам случајно, на улица, сретнувајќи те.
Ќе сфатам дали си среќен.
Ќе видам дали ќе ме погледнеш, одминеш или само ќе ја прегрнеш твојата сакана. И твоето дете со неа.
Бидејќи, драги, јас денес сум среќна, верувај.
Но, можеби среќата со тебе ќе изгледаше поинаку.
Којзнае.
Марија Лозаноска
10.9.2014, среда