Сите се исти
Не знам како се сите исти. Како да се печатени од ист печатар, сошиени во иста конфекција, испечени од иста фурна, составени во иста автомобилска фабрика. А, некаде бојата се троши, конецот се кине, тестото не расте, грешките се фабрички.
Не ми вели дека сите сме исти, кога ни јас не сум истата од вчера.
Тој секогаш ги пронаоѓаше грешките во секаква ситуација, кај секого. Беше човекомразач. Повеќе - женомразач. Антифеминист. Сам на светот, единствен вреден на планетава. Секое добро за него беше погрешно. Велеше дека и јас сум иста како сите. Цел женски род бил ист. Патетични, глумици, спонзоруши, нарцисоидни, горделиви, ѓаволести, расипници. Многу сме зборувале. Зад грб сме планирале.
Другарче, кој те тераше сите да ги поминеш?
Но, да се разбереме, далеку од тоа дека сите ги поминал. Не го сакале, тоа е целата поента. Го одбивале, си набил комплекс. Кој би го сакал него, всушност? Премногу сум позитивна за да реагирам негативно, така што нема ни да му негирам:
Да, другарче, сите сме исти!
Сите имаме иста љубов - чевлите. Оние со висока потпетица. Со нив светот го освојуваме без да водиме војни. Горди сме, повисоки, сите имаме болки во грбот и на нозете, но не ни е гајле! Трпиме за убавина! Сонуваме дека имаме полн плакар со тоа безвременско богатство. Како да се мал рај на земјата. Тогаш сме сите жени исти и ја имаме таа моќ да сме забележани. Ја имаме таа моќ мажите да се исто заљубени во нас кога ги носиме. Боженствени сме! Неодоливи! Со самодоверба!
Да, исти сме, другарче.
Само ние знаеме какво задоволство тие ни претставуваат.
Исти сме кога се работи за создавање среќа.
Ако нѐ видиш в бутик, немој да мислиш дека ние ќе те видиме. Сите сме таму исти. Нема да те забележиме. Бараме партали како да се скриено богатство. Броиме пари во главата, броиме полни плакари дома, кој колку ќе нѐ искара за потрошеното со истите викотници: „Зарем не купи сега фармерки? Што ќе им правиме на олку чевли, како слава да имаме - толку имаш пред врата! Половина немаш ни облечено, прекини со купување!“ Но, тие проблеми не се ништо во споредба со оние кога нема твој број, конкретна боја, или самошто продадено. Си ги стокмила парите и нема ништо потажно од тоа да не ги потрошиш. Ни тежат во џебот, импулсивни сме - затоа и имаме толку необлечени блузички со кратки, кошулчиња со најмодерна чипка и чанти нафрлени како багаж на аеродром. Другарче, да нѐ видиш како плачеме пред гардеробер во сабота навечер и пред да одиме на училиште, факултет, работа - тогаш ќе сфатиш колку сме исти!
Дугар, ништо не знаеш за жените.
Не сме сите исти.
Не во грешките што ни ги наметнуваш.
Дали знаеш како жена љуби? Прашај друга жена. Таа знае најдобро. Се предава целосно, простува ненормално, и тогаш кога не треба. Се предава како да нема утре. Молчи како искаран ученик. Моли со солзи на очите и во душата. Знае да каже како се чувствува. Знае да премолчи кога љубовта заминува, кога тој не ја сака. Да верува дека се среќни, да се преправа дека не гледа оти не ја сака. Да трпи. Знае да го почека кога тој греши.
Другарче, светот е подобар кога жената љуби!
Тогаш сме сите исти.
Знаеме како ни е кога сме повредени. „Те сфаќам, сестро!“ - доволно е. Знаеме на што сме спремни тогаш. Знаеме дека ниедна чоколада на светов не ни е доволна кога срцето ни е скршено. Ја мразиме секоја што ќе му се доближи, а длабоко во себе јасно ни е дека таа не е виновна, тој е расипникот.
Знаеме и се разбираме, затоа што сме исти.
И кога повторно ќе ти дојде да речеш сите се исти, помисли дека таа не се чувствува добро во новиот фустан, бидејќи чоколадото за утеха си го направило своето. Дека она што сака да му го каже на својот поранешен, ѝ се истура врз тебе. Дека можеби сѐ уште го сака него, дека не сака да ти посвети внимание. Ја болат нозете од новите чевли, ги потрошила парите на последниот шопинг.
Си го истрошила срцето на сличен како тебе.
И никогаш не очекувај да каже дека сите вие сте исти.
Никој не е како оној што го љуби.
Прашај жена, ќе ти објасни. Бидејќи - сите се исти.
Марија Лозаноска
16.10.2013, среда