Камо да заборавиме колку се повредивме
Камо да го вратам времето.
Не, камо да го сотрам инаетот...
Камо да ги сменам различните карактери, погрешните сфаќања, егоистичните потези.
Камо да ја намалев љубовта.
Но, такви сме.
Не се менуваме.
Не можев да се променам кога ќе ме повредеше. Јас те повредував двојно. Ќе ти изнакажев сѐ што мислам и не мислам, ќе ти изналепев секакви епитети, ќе те помножев со нула, ќе ти наброев сѐ што си згрешил во минатото.
Ти ќе ми подареше погрден збор.
Јас ќе ти речев: „Фала за убавите зборови.“
Со исклучување на телефонот, со треснување на вратата, со правење сцени пред непознати, со заминување сама на дожд во ноќта.
Ти немаше да преземеш ништо.
Ќе ме игнорираше.
Ќе ме повредеше со тоа уште повеќе.
Наместо да ме вратеше или да ѕвонеше пак.
Се молев ти да се јавиш за да ме побараш. Се молев да издржи мојот инает, а да попушти твојот. Се молев да си недостапен ако ти ѕвонам. Да снемам кредит или лимит. Да снема мрежа.
Да снемам храброст.
Но, најмногу да ми снема љубов.
Премногу се повредувавме. Премногу се подававме еден кон друг, можеби грешката беше само во тоа. Можеби не требаше да признаваме колку си требаме. Да не се посакувавме толку многу, да оставевме простор за после, за вечер, за утре, за викендот.
Но, не.
Ние не си бевме доста.
Затоа и е тешко да заборавиме на сѐ.
Колку што се сакавме, толку се повредувавме.
И камо како децата да си пружевме мало прсте и да си речевме дека сме смир како печен компир. Да си продолжевме со играта како ништо да не било. Но, тоа и беше проблемот - нашето не го сфаќавме како игра. Нашето беше сфатено сериозно. Како да сме пар пред веридба, како вереници пред свадба.
Сериозна беше љубовта, сериозна беше кавгата.
И камо да го вратам времето.
Не, камо да го сотрев инаетот...
Камо да ги сменев различните карактери, погрешните сфаќања, егоистичните потези.
Камо да оставев настрана само една прегратка од многуте која ќе реши сѐ.
Само да се гушневме и да запомниме колку се сакавме.
Камо да го намалев повредувањето.
Камо да ја намалев љубовта.
Марија Лозаноска
1.5.2014, четврток