Добре дојдов - добре најдов
„Си беше еднаш еден принц...“
Не, не. Отпочеток.
„Си беше еднаш една принцеза...“
Уф, ни ова не. Тогаш, да се разбудам барем малку во реалноста. Еве, вака:
„Си беше еднаш една девојка. Си веруваше во среќни љубовни приказни, веруваше дека ќе го добие заслуженото. Веруваше дека секогаш треба диетата да ја почне од утре или од понеделник. Си веруваше секогаш дека има само добри луѓе на светов и тоа беше нејзиниот најголем грев.
Еден ден го сретна момчето од нејзините соништа. Тоа беше тој, несомнено. Како за првпат, тоа беше совршена љубовна приказна. Но, заврши, и не беше тажна бидејќи на неа гледаше како на една бајка која ќе си ја раскажува кога ќе остаре со малечка солза под збрчканите очички. Веруваше дека следниот е сигурно Тој Вистинскиот. Но, прописно со нејзиниот најголем грев, следниот не беше вистинскиот. Сепак, повторно веруваше. Помалку од претходно, но се обидуваше. Него го немаше сѐ уште.
Веруваше сѐ помалку. Повеќе не можеше да испишува сказни за во староста, случувањата веќе не беа истата бајковита тематика. Каде ли беше?...“
...ова би била приказната напишана од една блогерка, колумнистка, писателка, поетеса - наречи ја како сакаш. Таа можеше да си игра како сака со зборовите и да ѝ го најде типчето што девојката си го бара. Тогаш, зошто не направи така? Зарем во вистинскиот живот не е доволно вака, па да ни ја заматува и литературата? Можеби во следната сказничка ќе добие читателот таков крај, во зависност кој го чита текстот и што во него си бара.
Да речеме дека, ти што го читаш ова, си писателот. Како ќе ја продолжиш приказната? Таа ќе биде со него, ќе го најде? Или, ако си момче, тогаш главнава хероина ќе си ја земеш за себе, затоа што ти изгледа како фино, паметно, амбициозно и згодно девојче. Но, не допирај го овој текст, доволно е само да си замислиш како би завршило.
Ти си креатор само на својот живот и него можеш да го менуваш како сакаш. Од тебе зависи дали ќе има среќен продолжеток.
Да, продолжеток и почеток, немој никогаш да размислуваш за крајот.
... слободно наречи ме писателка, авторка, блогерка, колумнистка, поетеса - не е важно, битно да сум ти тебе човек. Единствено што можам е да си ја допродолжам бајкичкава... барем сега-засега:
„...Сфати дека тоа е вистинскиот живот. Но, не се разочара. Пробуваше да му најде решение на секој проблем, исто како што наоѓаше проблем во секое решение. Му се насмевна на таквото животче и му рече: „Добредојдов-добренајдов“.
Марија Лозаноска
30.9.2013, понеделник