И овој Божиќ те сакам
Велат: „Пред Божиќ, зад Божиќ, каде и да си, за Бадник дома да си.“
И секогаш исто. Со истиот божиќен дух. Здравје, бериќет, паричка, богата трпеза, сите собрани, мо-ите, најсаканите...
И секогаш исто.
Бадник е, а јас сѐ уште те сакам.
Исто, со истиот жар, чиниш Бадников оган во мене се запалил.
На кој горам само јас. Не се затоплувам, а тој гори. Веројатно ти си таа топла ракиичка. Питето со паричка. Онаа среќа за цела година. Бериќетот од Господа даден. Ти си таа богата трпеза за мојата душичка.
Ми треба сѐ ова за да се затоплам.
Секогаш помислувам на тебе на овој ден. Не знам, можеби е до празникот. Љубовта е на сите стра-ни. Сите чекаме Тој да се роди. Среќни сме. Сме имале спас. Јас па потајно се надевам на тебе. Дека и ти ќе се преродиш во нешто подобро, дека на овој Божиќ ќе ми речеш: „За многу години, малечка, Христос се роди!“ Дека ти ќе ми ја кажеш веселата вест. Дека повторно Божиќ ќе ми биде највесел покрај тебе.
Знаеш, ти ми фалиш тука...
А, потем, ќе признаеш дека ти недостигам. Дека и ти сѐ уште ме сакаш, дека Бадниковото гранче те потсетува на мене, на она наивно девојче кое чуваше секогаш едно за твојот дом. Ти подаруваше благодет од срце. Сѐ што е убаво ти го давав, без да барам нешто за возврат...
Не знам дали помислуваш на мене во својот дом. Можеби дека знам каде си на оваа Бадникова вечер, полесно ми е да замислам каде си и со кого си. Но, дали чуваш место до тебе за мене, дали ми чуваш од бадемите како и секогаш од вашата трпеза, знаеше колку ги сакам. Не знам дали ги оставаш сите наши сништа заедно со вкусот на оставеното лепче за Бога...
Јас да.
Се молам да си добро и овој Бадник. Да ти се падне паричката, среќичката, и да бидеш подобар човек. Се молам за Божиќ. За овој Божиќ, за следниот и тој по него, да сме заедно...
И овој Бадник мислам на тебе.
И овој Божиќ ќе те сакам.
Остани ми во добро, малечок, Христос се роди...
Марија Лозаноска
6.1.2014, понеделник