Зар и ти, сине Бруте?
Зар и ти, сине Бруте?
Зар и ти, мили брате?
Од сите непријатели наши,
најде мене да ме плашиш.
Од сите наши планови,
одбра меѓу нас пламтови.
Нели ќе бевме заедно до гроба?
Нели, рече, безушна е нашата соба?
Помагај, давај, нуди,
подавај совети луди,
бори се со непријатели лути,
но чувај се - пред пријатели ќути.
Зар и ти, сине Бруте?
Зар и ти, мили брате?
Кому ветував ќе го чувам од сите?
Со кого ќе делев среќа во дните?
Грошот се троши и за судбини лоши,
користа го гризе оној што лиже,
брат не е брат со сирењето за пари,
може да те издадат и побратими стари.
Со кое злато пријател ќе платиш
во времиња болни, на светов сами?
Не си ми бил брат, мили Бруте,
ти си бил најлошиот од сите,
вековит нека ти е и животот лесен,
без пријатели, Бруте, светот е тесен.
Марија Лозаноска
12.1.2015, понеделник
12.1.2015, понеделник