Одговорни за туѓи постапки
Не знам дали половина ми се простува кога ќе признаам дека сум згрешила.
Кога ќе речам дека ми е жал и дека ќе извлечам поука од тоа.
Барем, не мора пред другите, доволно е пред себеси.
Најдобро е кога сум искрена пред себе, бидејќи најлошо е да живееш во лага тапкајќи се сам по рамо.
Но, дали јас згрешив пред оние луѓе кои вредат?
Дали навистина им згрешив?
Дали можеби тие мене ми згрешиле многу повеќе пати, а не ми признале?
Можеби она што јас сум им го направила е оправдана казна за некои нивни злосторства пред себеси.
Нема да дознаам никогаш, знам.
Бидејќи знам дека не вреди ниту да им признаам, ниту да ми се прости.
Секогаш сум сакала да сум фер. Сум сакала да играм улога на судија каде со свој здрав разум ќе одлучам кој вреди, а кој не. За тие што не вредат ми било полесно. Не полесно во душава, туку полесно што понатаму. Невредните сум ги исклучувала од своите животи тивко, без бука, без навреди, без одмаздувања. Сум знаела дека така ќе ми биде полесно да си го терам своето животче без дополнителни маки и сплеткарења. Сум сакала да ја насочам својата енергија кон оние и она што ми е позитивно и за кое сакам да вложам. За она кое вреди. Но, така размислувам сега, a така секогаш не сум постапувала во минатото. Не сум била секогаш зрела. Сум била многу помлада и поимпулсивна. Со нагони за одмазда, за истерување правда, со покажување на личноста каде ѝ е местото во општеството. Дека не ѝ е местото покрај мене. Но, сега, умна и зрела, доволно колку што треба, сфаќам дека не требало така. Не требало, бидејќи не носело ништо добро. Имало понатамошни последици каде самиот ти си одговорен и главен виновник за целата ситуација. Ти си негативецот, неминовно. Ти ќе бидеш лошиот пред светот. Да, ти ќе бидеш одговорен за туѓите постапки.
Реков - туѓи постапки? Да, туѓи. Оние кои не ги разгледал сопственикот, што не ги анализирал, не ги пресудил. Сите сме водени од мислата дека ние сме најмногу во право, но не е така секогаш. Ние само се водиме од сопствениот став, од сопственото искуство, од сопствениот видеокруг, од сопственото срце. Немаме секогаш ние време и дарба да размислиме кому денеска да не погрешиме и кому веќе сме погрешиле. Помалку егоистични се грижиме само за себе не водејќи грижа за околината и не сфаќајќи дека ние сме околината. За да се чувствуваме добро покрај нашите луѓе, покрај нашите пријатели, мора да им направиме ним удобен амбиент покрај нас. Па, така ќе ни вратат и тие. Така се живее во околината, така функционира синџирот на пријателството. Не е битно кој почнал прв. Битно е да си таков, да размислиш за своите постапки, и најмногу од сè, да го сфатиш оној до себе. Немаме сите исти поводи на светов, не сме сите со иста причина таму каде што сме и со тие со кого што сме. За доброто на сите, треба да знаеме дали вреди постапката која ја преземаме, дали вреди човекот за кого се бориме пред и со сите. Самата постапка сама по себе е минлива, грешки се прават често и тоа е во ред, меѓутоа она што треба да го разграничиме се луѓето - кои се оние кои се свесни за своите постапки и дали знаат што е тоа каење, благодарност, извинување. Бидејќи ако не знаат, ти знаеш. На крајот од краиштата некој мора да се извини за непромислената постапка. Или ќе се покае, или ќе пати и ќе го боли, или ќе остане виновен пред светот. И покрај тоа што не е одговорен за направеното.
Сум била млада и незрела за да сфатам дека не вредат казни и жртви за другите. Не вредат ни оние добронамерни школски казни. Оние казни кои ќе го натераат другиот да сфати дека му грешиме за негово добро. Кога на суптилен или на примитивен начин му укажуваме дека треба да се тргне од оние кои не му мислат добро. А, не сфаќаме дека ние сепак сме во синџирот на пријателството. Оној кој сме го замениле со кругот на пријателство мислејќи дека е исто, но не е. Во природата, синџирот на исхрана е составен од најсилниот до најслабиот, од најгладниот до најситниот. Само што меѓу пријателите нема да знаеме ни по изглед ни по статус ни по карактер кој е гладен, а кој е јаден. Кој е пријател, а кој непријател. Мислејќи дека му помагаме на ближниот за да го одбраниме од неговиот непријател, не гледаме дека токму тој е нашиот непријател. И предоцна ќе сфатиме дека сме одгледувале орлови деца во гнездо од лебед. Каде и како да го учиш и советуваш, пак ќе си остане ѕверот во кој се родил. Несвесно ќе ти наметне свои постапки и грешки за ти да си ги чуваш и одгледуваш. Ти ќе бидеш несвесна, не другиот. Тој ќе остане со такви намери цел живот. Никогаш нема да премине преку некои работи за да го сочува вашето пријателство, и покрај тоа што самиот видел дека оној што се испречил меѓу вас не вреди. И ти заедно со него нема да вредиш. Ќе те стави во ист кош со оној од кого си го бранела, ќе те претставува пред светот како онаа што не чинела. Ќе бидеш повредена, омаловажена, и многу изгубена.
Цел живот ќе останам млада, колку и да сум собрала години со искуство.
Но, не ме личи да сум незрела и наивна.
И не ме личи да се каам, бидејќи сум видела колку сум силна одговарајќи и за свои, и за туѓи постапки.
За разлика од нив, јас секогаш ќе ја сфатам грешката од својот човек, од оној кој знам дека ми мисли добро, бидејќи ќе ги знам неговите причини и околности за она што го направил.
Нема да бидам никоја за да судам, единствено себеси, бидејќи сите си имаме свое бреме, но разликата е што некои го знаеме и она туѓото и за среќа сме го разбрале.
Барем покрај такви пријатели нема да ти биде страв ако погрешиш, бидејќи ќе знаеш дека нема да бидеш казнет, туку поправен и уште позближен.
Тогаш ќе знам дека и јас и тој ќе одговараме само за своите постапки.
Марија Лозаноска
14.6.2017, среда