Кафез
Стои најгоре на ѕидот,
да биде секому пред видот.
Птицата во него пее.
Секој ден публика:
децата радосни,
возрасните задоволни,
домаќините горди.
Среќа од секакви сорти!
Пердувот ѝ свети како никогаш,
песна кристална -
да не поверуваш.
Има решетки,
но сé уште пее,
изгледа задоволно,
сосема пристојно,
за гледачите недостижно...
Публиката си замина,
домаќините ги испратија,
шоуто престана.
Си отклучи сама кафез,
излезе
и се претвори во човек.
Другиот ден -
пак по истиот редослед.
Пред другите лица
тој повторно стана птица.
Повторно никој
не го допре сјајот на пердувот,
не ја помириса скапотијата на парфемот,
никој не допираше до неа од кафезот.
Кога песната ќе сопреше,
човекот од славејот излегуваше.
Публиката никогаш
тоа не го сфаќаше...
Тој беше Пејач.
да биде секому пред видот.
Птицата во него пее.
Секој ден публика:
децата радосни,
возрасните задоволни,
домаќините горди.
Среќа од секакви сорти!
Пердувот ѝ свети како никогаш,
песна кристална -
да не поверуваш.
Има решетки,
но сé уште пее,
изгледа задоволно,
сосема пристојно,
за гледачите недостижно...
Публиката си замина,
домаќините ги испратија,
шоуто престана.
Си отклучи сама кафез,
излезе
и се претвори во човек.
Другиот ден -
пак по истиот редослед.
Пред другите лица
тој повторно стана птица.
Повторно никој
не го допре сјајот на пердувот,
не ја помириса скапотијата на парфемот,
никој не допираше до неа од кафезот.
Кога песната ќе сопреше,
човекот од славејот излегуваше.
Публиката никогаш
тоа не го сфаќаше...
Тој беше Пејач.
Марија Лозаноска
-дел од поезијата во романот
„Големото Л“, 2012
(прочитај ја рецензијата за романот потпишана од Венко Андоновски >>)