Ти убавице, заслужуваш подобар
Немој да мислиш дека не гледам колку вредиш. Ти си најубава-та од најубавите. Не дека другите мора таква да те мислат, не дека светот треба да се сложи со тоа. Ти сама по себе треба да знаеш дека вредиш. Ти сама по себе си принцеза.
Но, не моја принцеза.
Бидејќи ни јас не сум Крал, ни принц.
Само еден обичен дворски шут.
Наместо да ти ја намалувам тагата, јас ти ја намалувам самодовербата. Очигледно толку знам. Толку ми се дало. Слушам гласини дека сум бил многу убав, згоден, сите ме сакале. И јас тоа си го мислам за себе, а не смеам. Не ни треба. Не си го ставам прстот на чело и да сфатам дека треба да се однесувам како кон принцеза кон мојата девојка, или барем да научам како се прави тоа. Знам дека поубаво ќе се чувствувам тогаш, сигурен сум.
Мојата божемна убавина не ме топли. Навечер спијам без љубов, до мене не лежи таа што ја сакам. Не ни ја имам таа што ја сакам. Не ни можам да одберам една од многуте за да биде таа вистинската. Веројатно тоа го прави срцето, така сум слушал. А, и пред сите сум само еден лош човек, со тек на време ти ќе ме отсакаш, ќе ме замразиш, ќе ја преминуваш улицата кога ќе ме видиш и ќе ме избришеш од се’ што не’ поврзува.
Лошото време ќе го поврзуваш само со мене.
Те молам, убавице, немој да си ја ставаш таа тешкотија на срцето. Не вредам. Немој да се чувствуваш помалку убава поради мојата грдотија одвнатре. Немој да мислиш дека секоја нова е поубава од тебе, бидејќи верувај дека јас тоа на секоја и’ го правам. Секоја што била моја, била и оставена од мене. Била понижена, била депресивна, лута, бесна, омаловажена. Останала без љубовта од другата страна, од онаа која јас сум ја давал.
Ох, но како да објаснам: љубовта никогаш не ни постоела.
Јас сум нудел само страст, заљубеност која е премногу различна од љубовта.
Ова го кажува оној малечок глас во мене, оној кој би требало да претставува мојата совест. Тоа е оној собир на советници кои се собираат одвреме навреме за да дискутираат околу моите нечесни дела. Бројат колку сум оставил, која девојка повеќе сум ја понижил, за која девојка сметаат дека воопшто не требало да ја допрам или онаа која заслужила од мене такво нешто. Но, ова никогаш не би ти го кажал в лице, не сум толку силен. Се сметам за горд, но всушност сум инаетлија. Не сум направил нешто добро за да бидам горд. Понекогаш се гордеам на тебе, убавице. Бидејќи една таква дама дозволила да биде со еден ваков како мене. Помислила дека вредам. Издржала со мене. Пробала да ме смени кон подобар човек. Горд сум на оние кои не шират лошо за мене, бидејќи знам дека се тоа добри луѓе. Бидејќи не му сакаат најлошо на својот непријател, му посакуваат подобра иднина што и да направил.
Јас сум само тоа - непријател на оној кој те сака.
Убавице, јас само тивко ќе кажам дека заслужуваш подобар. Ќе те одминам и јас на улица непогледнувајќи те и ќе посакам само најдобро за тебе. Не очекувај ни да ти се извинам, ни да ти барам прошка, ни објаснување. Мојот наведнат поглед ќе ти го објасни тоа.
Остави ме јас да си се уништувам, се’ додека не дојде онаа која ќе ме дотолчи.
А, ти убавице, и тоа како заслужуваш подобар.
Марија Лозаноска
11.7.2014, петок